Најновата препорака од Светската здравствена организација е носење на маски на сите јавни места за да се спречи ширењето на коронавирусот. Досега СЗО препорачуваше носење на маски за медицинскиот персонал и болните од Ковид-19, но заради ширењето на пандемијата, ја смени својата одлука.
-
Свет 06.06.2020 13:55
-
Свет 05.06.2020 13:23
Европа ги отвора границите
Почнуваат да се отвораат европските граници, и покрај проблемите со коронавирусот. Од денеска напладне , патувањето меѓу Чешката Република, Австрија и Унгарија е целосно нормализирано. По консултациите со засегнатите земји, чешката влада донела одлука утрово на вонредна седница .
-
Свет 05.06.2020 12:26
Судот одреди кауција од милион долари за тројца полицајци од случајот на Флојд
Американскиот суд им одреди кауција од милион долари на тројцата полицајци од Минеаполис обвинети за помагање во убиството на Џорџ Флојд. Износот може да биде намален до 750 илјади долари доколку го предадат службеното оружје и исполнат уште неколку други услови.
-
Свет 05.06.2020 11:29
Пресуда во корист на здравствените работници во Шпанија
Судот во покраината Арагон, источна Шпанија, донесе пресуда во корист на здравствените работници кои ја обвинија регионалната влада за необезбедување на заштитен материјал во пандемијата со ковид-19. Ова е прв ваков случај во земјата којашто е едно од европските жаришта.
-
Свет 04.06.2020 15:09
Не стивнуваат протестите поради убиството на Џорџ Флојд
Убиениот афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на Ковид-19, покажала државната обдукција. Според извештајот, иако бил заразен тоа не е причина за неговата смрт.
-
Свет 04.06.2020 13:10
2.000 Бразилци ќе ја тестираат Оксфордската вакцина
Вакцината против Ковид-19 што ja разви универзитетот „Оксфорд“ ќе биде тестирана во Бразил, втора земја во светот по бројот на регистрирани случаи на заразени. Вакцината за првпат беше тестирана на мајмуни во Велика Британија и дала позитивни резултати.
-
Свет 03.06.2020 14:00
Кина демантира дека не го информирала навремено СЗО за Ковид-19
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан ги отфрли наводите на американската агенција АП дека Кина ненавремено ја информирала Свестката здравствена организација за новиот коронавирус. Тој нагласи дека извештајот на новинската агенц
-
Свет 02.06.2020 13:21
Трамп се закани со војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири
Американскиот претседател Трамп се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири што избувнаа поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд.
-
Свет 02.06.2020 12:47
Русија: На 1-ви јули референдум за уставни измени
Рускиот претседател Владимир Путин најави референдум за измени во Уставот на Руската Федерација на 1-ви јули, и покрај големиот број заразени со коронавирус. Според него, стапката на инфекција во Русија се намалила и постојат услови за безбеден референдум.
-
Свет 02.06.2020 12:06
Вухан по два месеца без асимптоматски случаи
Властите во Вухан објавиле дека не откриле нови асимптоматски случаи на коронавирусот првпат во речиси два месеца. Градот се обидува да го тестира целото население од 11 милиони луѓе.









