Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама освои над 46% од гласовите на парламентарните избори.
На второ место е опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша која доби поддршка од 44,71% од гласачите.
Владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама освои над 46% од гласовите на парламентарните избори.
На второ место е опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша која доби поддршка од 44,71% од гласачите.
Полицискиот час во Германија мина мирно откако Бундестагот усвои закон за проширување на рестрикциите во областите каде што е регистиран коронавирусот со мутациите. Од почетокот на пандемијата во Германија починаа над 81 илјада луѓе.
Парламентарни избори во Албанија. Право на глас имаат 3,6 милиони граѓани, вклучувајќи ги и оние од дијаспората. Премиерот Еди Рама се надева на нов мандат иако прогнозите покажуваат голема неизвесност во однос на исходот од гласањето.
Франција започнува да експериментира со „здравствената пропусница“ што може да биде вовед во системот што се очекува на крајот од јуни од Брисел. Иако, истовремено комитетот за итни случаи на Светската здравствена организација (СЗО) се изјасни против воведувањето на овие мерки.
Имунизацијата и рестриктивните мерки и натаму не ги даваат посакуваните резултати во битката против пандемијата со Ковид-19. Бројот на заразени со новиот коронавирус и натаму се зголемува, здравствените системи во многу земји се пред колапс.
Индискиот сој на коронавирус пристигна во Европа. 20 студенти од вкупно 43 кои пристигнаа од Индија во Белгија како дел од група за постдипломски студии за здравствената заштита се заразени со индиската мутација. Минатата недела, тие слетале во Франција, а потоа со автобус продолжиле за Белгија.
НАТО соопшти дека внимателно ја следи состојбата во источна Украина по веста на повлекување на руските трупи распоредени во близина на украинската граница и на Крим и притоа ја повика Москва да ги повлече сите свои сили од територијата на Украина.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас престојува во Белград, каде што ќе се состане со српската премиерка Брнабиќ, српскиот претседател Вучиќ и српскиот министер за надворешни работи Селаковиќ.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов, во раните утрински часови од својот дом изјави дека го враќа мандатот.
Со организирање на самитот, претседателот Бајден исполнува едно од предизборните ветување враќајќи ја земјата повторно во парискиот договор на климата и стратегијата за намалување на експлоатацијата на јагленот, природниот гас и нафтата со можност на зголемување на инвестициите во алтернативните