Советот на американската Агенција за храна и лекови препорача итно одобрување на вакцината против корона вирусот која ја развија компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“. Одлуката беше донесена откако панелот се согласи дека придобивките ги надминуваат ризиците.
-
Свет 11.12.2020 10:07
-
Свет 10.12.2020 13:45
Половина Американци ќе се вакцинираат против Ковид-19
Половина Американци сакаат да бидат вакцинирани против новиот коронавирус. Околу една четвртина од американците не се сигурни, а други 25 проценти се категорични дека нема да бидат имунизирани, покажуваат анкетите.
-
Свет 10.12.2020 11:43
Брегзит: Претстојниот викенд, краен рок за Договор за трговија
Британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен го утврдија претстојниот викенд за краен рок за надминување на разликите во разговорите за трговија меѓу двете страни.
-
Свет 10.12.2020 10:58
10 нови шуми во Англија во наредните 5 месеци
Од одделот за животна средина, храна и рурални работи се надеваат дека дрвјата на крајот ќе складираат 100.000 тони јаглерод диоксид, што е еквивалентно на повеќе од 45.000 трансатлантски летови
-
Свет 10.12.2020 10:39
Дводневен годишен состанок на Европскиот совет во Брисел
Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ на завршен годишен дводневен состанок на Европскиот совет во Брисел. На првиот ден од самитот ќе се разговара за ситуацијата со пандемијата Ковид-19 во Европа.
-
Свет 10.12.2020 09:55
Хакерски напад врз Европската агенција за лекови
Европската агенција за лекови ЕМА е жртва на хакерски напад. Хакерите се обиделе да стигнат до документи за вакцина против корона на Бионтек/ Фајзер.
-
Свет 09.12.2020 13:47
Вечер средба Џонсон- Лајен во Брисел
Лидерите на Обединетото Кралство и на Европската комисија, премиерот Борис Џонсон и претседателката Урсула фон дер Лајен вечер на средба во Брисел во нов обид да ги разрешат спорните точки за Брегзит.
-
Свет 09.12.2020 11:01
Шпанија размислува за пократка работна недела
Идејата за пократка работна недела со години се дискутира низ целиот свет, но пандемијата на коронавирусот и нејзиното влијание врз вработувањето и работниците поттикна многумина да размислуваат за економијата и социјалните структури.
-
Свет 09.12.2020 10:22
СЗО: Вакцинацијата против Ковид- 19 не треба да биде задолжителна
Пристигнувањето на вакцините е „добра вест“, рече Мајкл Рајан, директор за итни прашања при СЗО, на прес-конференција и истакна дека предностите на вакцината треба да бидат подобро објаснети, наместо воведување на задолжителна вакцинација.
-
Свет 08.12.2020 16:02
Џонсон е подготвен за прекин на преговорите со ЕУ
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, е подготвен да се повлече од преговорите со Европската унија доколку ЕУ не им излезе во пресрет на британските барања.










