Претседателот на Грција воопшто не го спомна Договорот од Преспа, ниту пак говореше за т.н. грчки национални прашања. При дводневната посета во Атина германската канцеларка оствари средба и со грчкиот председател Алексис Ципрас.
-
Свет 11.01.2019 14:31
-
Свет 11.01.2019 11:30
Ватикан формираше спортска екипа
На 20 јануари ќе учествува во десеткилометарската трка во Рим во чест на маратонецот Мигуел Санчез, еден од групата наречена „Исчезнатите“, лица кои биле киднапирани за време на воената диктатура во Аргентина, татковината на папата Франциск.
-
Свет 11.01.2019 11:28
Рекордни количества снег во неколку земји
Во Австрија досега загинаа седум луѓе, а во Баварија настрада деветгодишно дете од удар на дрво кое паднало поради тежината на снегот. Во Германија загина и пензионер кој се обидвал да го исчисти покривот.
-
Свет 11.01.2019 11:26
Вучиќ и СНС разговараа за вонредни парламентарни избори
Една од темите се и вонредните парламентарни избори. Вучиќ потенцирал дека иако одлуката не била едноставна, на прво место требале да се гледаат пошироките интереси на Србија. На состанокот се разговарало и за претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин и за економски теми.
-
Свет 11.01.2019 11:24
Трамп повторно се заканиува, работниците на протест
Одбива да го потпише законот за финансирање и повторно отворање на Владата доколку не бидат обезбедени 5,7 милијарди долари за поставување физички бариери долж границата меѓу двете земји ЗА ДА СЕ спречат мигрантските карвани, во кои според него, има криминални банди.
-
Свет 10.01.2019 12:38
Трамп демонстративно напушти средба со демократите
Откако го прекина состанокот со демократските челници во Белата куќа посветен на финансисрањето на ѕидот на мексиканската граница, американскиот претседател Донадл Трамп реши и да замине на југот, лично да ја види лично состојбата на преминот.
-
Свет 28.12.2018 14:53
Тачи го потпиша указот за законите за војската
Претседателот на Косово, Хашим Тачи го потпиша указот за трите закони за трансформација на безбедносните сили (ФСК) во војска. Им се заблагодари на Соединетите Американски Држави и на сите сојузници кои го поддржаа процесот.
-
Свет 28.12.2018 12:58
Сирија: Воените сили влегоа во Манбиџ
Државната агенција „Сана“ објави дека сириската војска влегла во стратешкиот град Манбиџ, кој е под контрола на Курдските сили. Веста доаѓа откако курдската оружена група ги повика владините сили да се ангажираат на север во земјата и да помогнат во спротивставување на можна труска офанзива.
-
Свет 28.12.2018 11:48
Корбин: Предвремените избори се прашање на време
Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин смета дека е прашање на време кога неговата партија ќе спроведе гласање за недоверба на владата, со цел да се обиде да предизвика предвремени избори.
-
Свет 28.12.2018 11:31
Земјотрес од 5,8 степени во Западна Папуа
Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја потресе источната индонезиска провинција Западна Папуа. Засега нема информации за материјална штета и евентуални жртви, а според индонезиската метеоролошка служба нема потенцијал за цунами.










