Американскиот претседател Доналд Трамп очекува формална објава дека Коалицијата што се бори против ИД ја контролира цела територија што претходно беше заземена од екстремистичката група. Според аналитичари на ЕУ, поразот на војската не значи и пораз на идеологијата на Калифатот.
-
Свет 07.02.2019 10:54
-
Свет 07.02.2019 10:51
Средба Јункер-Меј за „Ирската граница“
Меј треба да успее да договори промени во Договорот за Брегзит во делот кој се однесува на границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска.
-
Свет 04.02.2019 14:31
Спор за нуклеарно разоружување со Русија
Аналитичарите и политичарите предупредуваат – пресметката меѓу двете велесили ќе резултира со ново нуклеарно вооружување. Долготрајниот спор меѓу Вашингтон и Москва ескалираше откако американскиот претседател Трамп ја обвини Русија за прекршување на билатералната спогодба од 1987 година.
-
Свет 01.02.2019 14:56
Нов механизам за трговија со Иран
Германија, Франција и Британија ги здружија силите и формираа сопствен трговски канал со Иран со што се заобиколуваат американските санкции за оваа земја.
-
Свет 31.01.2019 15:57
Гуаидо на состаноци со војската
Привремениот шеф на Венецуела Хуан Гуаидо на тајни сотаноци со војската за да ја придобие нивната поддршка во битката со претседателот Николас Мадуро. Неговиот легитимитет е признаен од САД, ЕУ и неколку јужноамерикански држави. Дипломатската војна со Вашингтон резултираше со серија санкции.
-
Свет 31.01.2019 12:44
Русија да го почитува договорот за ракети“
Според договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) од 1987 година, склучен помеѓу САД и тогашниот Советскиот Сојуз, забрането е производство, тестирање и распоредување крстосувачки и балистички ракети со дострел од 500 до 5.500 километри.
-
Свет 31.01.2019 12:40
Речиси сто жртви по уривањето на браната
259 лица се водат како исчезнати. Поради слаб дожд привремено била прекината потрагата по преживеани. Причините за уривањето на браната, која била изградена во 1976 година, засега не се познати. Слична трагедија во Минас Гераиш се случи и во 2015 година, при што загинаа 19 лица.
-
Свет 31.01.2019 12:36
Жртви во напад на Корзика
Според властите, шеесетгодишникот извршил самоубиство откако се вратил во зградата каде што живеел. Местото на злосторот е со зголемено полициско обезбедување. Меѓу загинатите е и домарот во објектот, а хоспитализиран е полицаец.
-
Свет 30.01.2019 14:14
Парламентот изгласа два амандмана за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј се подготвува за нова рунда разговори со лидерите од ЕУ откако пратениците во Парламентот поддржаа два од вкупно седумте амандмани за нејзиниот договор за Брегзит, чијашто првична верзија доживеа историски пораз во Долниот дом.
-
Свет 29.01.2019 12:37
Санкции за нафтената компанија на Венецуела
Мерките ќе опфатат замрзнување на какви било средства што венецуелската компанија ги има под американска јурисдикција, како и забрана на американците да соработуваат со фирмата.










