Талибанските сили на готовс, патролираат по должината на границата со Пакистан по заканите од Исламабад за одмазда по последните жестоките судири во кој загинаа најмалку 58 пакистански и 9-мина авганистански војници.
-
Свет 13.10.2025 08:41
-
Свет 13.10.2025 08:37
Израелските заложници се враќаат дома
Хамас почна со предавањето на израелските заложници по договорот од првата фаза од мировниот план на Трамп. На Црвениот крст првично ќе им бидат предадени шестмина заробеници од северниот дел на Газа, а преостанатите 14 ќе бидат ослободени подоцна од различни области на појасот.
-
Свет 12.10.2025 14:01
Нови земјотреси на Филипините
Два силни земјотреси го погодија јужниот дел на Филипините-првиот со јачина од 7,4 степени по Рихтер кој усмрти најмалку седум лица и предизвика лизгање на земјиштето, по што следуваше нов потрес од 6,8 степени.
-
Свет 12.10.2025 13:04
Хамас утре ќе ги предаде израелските заложници, Израел ќе реагира ако договорот се прекрши
Хамас објави дека утре почнува со ослободување на преостанатите 48 израелски заложници од Газа како дел од првата фаза од мировниот план на Трамп. Предавањето ќе оди преку Црвениот крст и израелските одбранбени сили. Тел Авив е подготвен на акција доколку договорот се наруши.
-
Свет 12.10.2025 11:47
Поплави во делови од Шпанија
Обилни врнежи предизвикаа поплави во југоисточниот шпански регион Мурсија. Патиштата се затворени, а десетици жители евакуирани.
Властите издадоа црвено, а потоа го намалија на жолто предупредување.
-
Свет 12.10.2025 11:04
Обновено снабдувањето со струја во поголемиот дел од Украина
Украина го обнови снабдувањето со струја во поголемиот дел од земјата, но Доњецк и натаму е без напојување по најновите руски напади. Киев возвраќа, Москва јавува за десетици соборени дронови и саботажа на железница во Ростов.
-
Свет 12.10.2025 10:06
Хамас утре почнува со предавање на заложниците
Хамас објави дека утре ќе почне со предавањето на 48-те заложници кои ги држи во Газа. Во Тел Авив исчекување и надеж за повторно обединување со саканите. Во нивна чест одржан голем митинг со надеж дека ќе биде и последен.
-
Свет 11.10.2025 20:24
Стартува системот за електронско регистрирање на влез и излез преку границите на Шенген зоната
Од утре Европската унија на своите граници го воведува новиот влезно-излезен систем на регистрирање на патниците кои не се жители на блокот. Со системот во 29 држави на Шенген зоната ќе се регистрираат дигитално податоците од патните исправи, отпечатоците и биометриските фотографии.
-
Свет 11.10.2025 13:02
Се почитува примирјето во Газа
Израел и Хамас го почитуваат договореното-примирјето продолжува додека израелските сили постепено се повлекуваат од енклавата, а илјадници Палестинци се враќаат во урнатините на северна Газа. ОН добија зелено светло за доставување хуманитарна помош почнувајќи од утре.
-
Свет 11.10.2025 12:45
Трамп најави нови царини за производи од Кина
Американскиот претседател Трамп најави нови царини од 100 насто на кинеските стоки, покрај постоечките 30%, почнувајќи од 1 ноември.
Новата ескалирачка мерка по месеци трговско примирје меѓу двете земји следува по одлуката на Кина да го ограничи извозот на ретки метали.










