• Свет 02.07.2018 13:20

    Зехофер понуди оставка од Владата на Меркел

    Германскиот министер за внатрешни работи и лидер на Христијанско- социјалната унија, Хорст Зехофер, ѝ понуди оставка на канцеларката Ангела Меркел, незадоволен од исходот на Самитот на Европската унија на кој се утврди новата миграциска политика.

  • Свет 02.07.2018 11:45

    Левичарскиот популист Обрадор избран за претседател на Мексико

    Суштински промени, искоренување на корупцијата и борба против социјалната нееднаквост најави новоизбраниот мексикански претседател од левицата Андрес Мануел Лопез Обрадор. Поранешниот градоначалник на Мексико сити, познат како Амло, доби поддршка од околу 53% од гласачите.

  • Свет 29.06.2018 14:33

    Петмина загинати во напад врз медиум во Мериленд

    Петмина загинати и повеќе повредени во вооружен напад во Мериленд. 38- годишник, идентификуван како Џерод Рамос упаднал во весникот „Капитол Газет“ во Анаполис. Сакал да се одмазди за натпис во весникот дека вознемирува жена преку социјалните мрежи, за што признал дека е виновен на суд.

  • Свет 29.06.2018 12:05

    Најмалку девет лица загинаа во експлозија на цистерна во Лагос

    Најмалку девет лица загинаа во Нигерија, откако еден камион за нафта се запали на мост во Лагос. Агенцијата за управување со вонредни состојби соопшти дека меѓу загинатите има и дете. Четири лица се повредени, а 54 возила беа изгорени.

  • Свет 29.06.2018 10:20

    Постигнат компромис за миграцијата на самитот на ЕУ

    Лидерите на Европската унија по речиси 10 часа тешки преговори постигнаа договор за миграцијата. Медиумите пишуваат дека чувствителното прашање ја загрозуваше ЕУ и зоната на слободно движење низ неа, но и Владата на германската канцеларка Меркел.

  • Свет 29.06.2018 09:43

    Вооружен инцидент во новинска редакција во Мериленд, напаѓачот уапсен

    Најмалку пет лица убиени, а 20-тина се повредени во вооружен инцидент во новинската редакција на весникот „Капитал Газета“, во Анаполис, во американската држава Мериленд. Напаѓачот е уапсен.

  • Свет 28.06.2018 15:27

    Средба Трамп- Путин на 16-ти јули во Хелсинки

    Москва и Вашингтон постигнаа договор - средбата меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи на 16-ти јули во Хелсинки.

  • Свет 28.06.2018 12:48

    САД: Претставничкиот дом го отрфли Законот за имиграција

    Претставничкиот дом на Конгресот на САД го отфрли предлог- законот за имиграција, иако го поддржа претседателот Трамп.

  • Свет 28.06.2018 11:59

    Турција ја укинува вонредната состојба

    Турскиот претседател Ердоган и неговите партнери во Владата се договорија да не ја продолжуваат вонредната состојба во земјата, која истекува во јули, а беше воведена по неуспешниот државен удар пред две години.

  • Свет 28.06.2018 11:35

    САД: Воена база во Тексас за сместување имигранти

    Министерството за внатрешна безбедност на САД, бара на територија на воена база да се подготват места за сместување 12.000 илегални имигранти со нивните семејства, вклучувајќи и деца, приведени во момент на нелегално преминување на јужната граница на државата.

Pages