Над сто училишта, градинки и 20 трговски центри во Москва се проверуваат, откако добиле анонимни закани за поставени бомби. За слични закани се проверуваат и сите московски метро станици, но засега не е наредена евакуација.
-
Свет 20.01.2020 15:12
-
Свет 20.01.2020 13:08
Либија- тема и на Советот на министрите за надворешни работи
Оптимисти, но со резерва. Ова е ставот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија во однос на заклучоците од Берлинскиот самит за примирје во Либија.
-
Свет 20.01.2020 11:17
Медведев: Оставка поради реформите и временскиот фактор
Поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев изјави дека поднел оставка поради политички реформи и временскиот фактор.
-
Свет 20.01.2020 10:55
Почитување на ембаргото за оружје договорено на Самитот за Либија
„Да се почитува ембаргото за оружје, да не им се дава повеќе воена помош на завојуваните страни и да се обезбеди целосен прекин на огнот“, ова се точките за коишто светските лидери постигнаа согласност на берлинскиот самит посветен на конфликтот во Либија.
-
Свет 20.01.2020 10:12
Трета жртва од корона вирусот во Кина
Трет смртен случај во Кина од корона вирусот. Регистрирани се и нови 139 заразени со запаление на белите дробови поврзано со вирусот кој се проширил и во Пекинг.
Случаи се пријавени на Тајланд, Јапонија и Јужна Кореја. Заболените се жители или посетители на градот Вухан.
-
Свет 17.01.2020 14:25
Дождовите ги ублажија пожарите во Австралија
Интензивните врнежи, проследени со грмежи, ги ублажија пожарите во австралиското источно крајбрежје, олеснувајжи ги напорите на пожарникарите и фармерите кои од септември се борат со огнената стихија во која загинаа 29 луѓе, стотици милиони животни, а уништени беа повеќе од 2.500 домови.
-
Свет 17.01.2020 13:07
По осум години Хамнеи ја предводеше молитвата во Техеран
За првпат по осум години, ајатолахот Али Хамнеи ја предводеше петочната молитва во Техеран. Иранскиот врховен лидер изјави дека трпеливоста и благодарноста на нацијата ќе кулминираат со победа. Хамнеи посочи дека се подготвени за преговори со западот, но не и со Соединетите Американски Држави.
-
Свет 17.01.2020 12:41
Гватемала ги прекинува дипломатските односи со Венецуела
Новиот претседател на Гватемала, Алехандро Џаматеи изјави дека ги прекинува дипломатските односи со владата на Венецуела, предводена од Николас Мадуро, додавајќи дека ќе ја затвори амбасадата во Каракас.
-
Свет 17.01.2020 11:23
Сирија: Жртви во експлозија на автомобил- бомба
Тројца турски војници загинаа во североисточна сирија при експлозија на автомобил-бомба покрај контролен пункт на пат. Нападот се случил во местото Сулук, 10 километри југоисточно од сирискиот град Тел Абијад, на границата со Турција.
-
Свет 17.01.2020 10:46
Почна процесот за импичмент на Трамп
Сенатот на САД го отвори процесот за импичмент на претседателот Доналд Трамп, откако Претставничкиот дом изгласа резолуцијата формално да биде испратена во Горниот дом на Конгресот.




