Министрите за финансии на Eврoзоната се договорија за условите за излегување на Грција од третата спасувачка програма. Ќе ѝ доделат 15 милијарди евра од последната транша и ќе го продолжат рокот за враќање на дел од кредитите до 10 години.
-
Свет 22.06.2018 10:24
-
Свет 21.06.2018 14:33
Турција воведува соодветни царини за американски стоки
Турција воведува увозни царини за повеќе од 20 американски производи како одговор на американските царини за челик и алуминиум. Се тарифира увоз на хартија, јаглен, бадеми, тутун, автообили, козметика и производи од многу други индустрии.
-
Свет 21.06.2018 13:11
САД: Семејствата на мигрантите повеќе нема да бидат разделени
Политичката битка за децата мигранти кои беа одделени од родителите и носени во посебен притвор се префрла во американскиот Конгрес, откако претседателот Доналд Трамп потпиша уредба за прекин на таа практика.
-
Свет 21.06.2018 12:44
Парламентот го усвои планот на Тереза Меј за Брегзит
Горниот дом на британскиот Парламент го усвои нацрт-законот на премиерката Тереза Меј за Брегзит. Со ова се става крај на повеќемесечната дебата, и се отвора патот за формален крај на членството на земјава во ЕУ.
-
Свет 21.06.2018 10:58
Аргентина доби кредит од 50 милијарди долари
Директоратот на Меѓународниот монетарен фонд и одобри тригодишен кредит на Аргентина во висина од 50 милијарди долари.
-
Свет 21.06.2018 10:39
Горниот дом го усвои планот на Меј за Брегзит
Горниот дом на британскиот Парламент го усвои предлог-законот на премиерката Тереза Меј за Брегзит, со што е завршена повеќемесечната парламентарна дебата за законот со кој формално ќе заврши членството на Велика Британија во Европска унија.
-
Свет 21.06.2018 10:27
Матис: Пентагон ќе одговори на барањето за сместување на мигрантите
Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави дека Пентагон ќе одговори ако е потребно при смествување на мигрантите приведени при илегално преминување на американско- мексиканската граница.
-
Свет 20.06.2018 12:35
САД се повелече, Русија поднесе кандидатура за членство во Советот за човекови права
Русија поднесе кандидатура за членство во Советот на ОН за човекови права за периодот меѓу 2021-ва и 2023-та година, неколку часа по повлекувањето на САД од ова тело.
-
Свет 20.06.2018 12:18
Студентски домови за мигрантите од „Аквариус“
Мигрантите од бродот „Аквариус“, кои Шпанија ги прифати по одбивањето на Италија и на Малта, се сместуваат во студентски домови во земјата. На студентите во градот Аликанте им било речено да ги напуштат домовите за да направат место за луѓето.
-
Свет 20.06.2018 10:55
Ким и Џинпинг согласни околу повеќе прашања
Лидерите на Кина и Северна Кореја, Си Џинпинг и Ким Јонг-ун се согласни за голем број прашања, вклучувајќи ја и денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.
Ким е во трета посета на Кина, во последниве три месеци, каде што имаше средба со својот кинески колега.










