• Свет 16.01.2020 15:35

    Михаил Мишустин е нов премиер на Русија

    Со 383 гласа „за“, руските пратеници го ратификуваа именувањето на Михаил Мишустин за нов премиер по ненадејната оставка на владата и најавите за уставни измени.

  • Свет 16.01.2020 14:09

    Средба Пленковиќ- Меркел

    Приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ, билатералната соработка и активностите на Унијата во наредните 6 месеци, ќе бидат главни теми на средбата во Берлин меѓу хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и германската канцеларка Ангела Меркел.

  • Свет 16.01.2020 13:22

    САД со закана до Европа поради Нуклеарниот договор

    Вашингтон бара официјална осуда од Британија, Франција и Германија за Иран поради непочитувањето на Нуклеарниот договор од 2015 година. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се закани и со тарифи за европските увозни возила.

  • Свет 16.01.2020 12:17

    Австралија: Бура и дожд во делови од источниот брег

    Невреме проследено со поројни дождови погоди делови од источниот брег на Австралија, зголемувајќи го оптимизмот на противпожарните екипи кои со месеци се борат против огнениот појас.

  • Свет 16.01.2020 11:46

    САД со закана до Европа поради нуклеарниот договор

    Вашингтон бара официјална осуда од Британија, Франција и Германија за Иран поради непочитување на нуклеарниот договор од 2015 година. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се закани со тарифи за европските увозни возила доколку овие три земји не го исполнат барањето.

  • Свет 16.01.2020 10:25

    Русија: Дебата во Думата за назначувањето на новиот премиер

    Рускиот Парламент го разгледува назначувањето на новиот руски премиер, именуван од претседателот Владимир Путин, по ненадејната оставка на владата и најавите за уставни измени.

  • Свет 15.01.2020 15:13

    Австралија: Прогноза за дожд, предупредување за свлечишта и поплави

    Временската прогноза во Австралија најавува дождови кои би ја олесниле операцијата на пожарникарите, но метеоролозите предупредуваат дека поројните врнежи може да предизвикаат свлечишта и поплави.

  • Свет 15.01.2020 13:30

    Украинскиот авион соборен со две ирански ракети

    Американскиот весник „Њујорк тајмс“ објави видео на кое се гледа дека украинскиот авион бил соборен со две ракети истрелани во рок од 30 секунди од страна иранските воени сили. Американскиот весник тврди дека снимката е објавена од анонимен корисник на социјалните мрежи.

  • Свет 15.01.2020 12:29

    Руски воени авиони повторно гранатираат во Идлиб

    Руски борбени авиони нападнаа неколку градови во провинцијата Идлиб, северозападна Сирија, за првпат откако стапи во сила прекин на огнот со Турција пред два дена.

  • Свет 15.01.2020 11:29

    ИОМ: Околу илјада мигранти вратени во Либија за две недели

    Агенцијата на ОН за миграција соопшти дека околу илјада мигранти биле вратени во Либија во изминатите две недели. Причината ја образложуваат како последица на ситуацијата во Триполи каде што има големи судири веќе девет месеци.

Pages