Тридневна жалост во Гватемала поради жртвите од ерупцијата на вулканот Фуего. Претседателот Џими Моралес прогласи и вонредна состојба за да стигне помошта брзо до регионот погоден од катастрофата.
-
Свет 05.06.2018 12:53
-
Свет 05.06.2018 11:52
Јордан: Уапсени и повредени во протестите
И покрај оставката на премиерот на Јордан, Хани Мулки, продолжуваат протестите против зголемувањето на данокот и мерките за штедење. Демонстрантите се судрија со полицијата којашто возврати со солзавец.
-
Свет 05.06.2018 11:41
Генерално Собрание на ОН: Избор на нова претседателка
Генералното собрание на ОН избира нов претседател. По четврти пат се назначува жена на чело на Светската организација којашто функционира 73 години.
-
Свет 05.06.2018 11:12
Се зголемува бројот на жртвите од вулканската ерупција на Фуего
Тридневна жалост во Гватемала поради жртвите во вулканската ерупција на Фуего. Од 70 загинати, властите идентификувале 17 од телата во селата Лос Лотес и Ел Родео.
Повредени се 46 луѓе, а околу 2.000 лица се сместени во посебни засолништа. Евакуација е спроведена на над 3.200 лица.
-
Свет 05.06.2018 10:08
Потврдена средбата Трамп- Ким за 12-ти јуни во Сингапур
Белата куќа потврди - првата средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ќе се одржи на 12 јуни во девет часот во Сингапур.
-
Свет 04.06.2018 16:19
Осум загинати во самоубиствен напад во Кабул
Осуммина загинати во самоубиствен напад на свештеничка средба во Кабул, посветена на борбата против тероризмот. Досега ниедна група не презеде одговорност за нападот.
-
Свет 04.06.2018 13:09
Јалова победа на Јанша
Со освоени 25% од гласовите, антиимигрантската опозициска партија во Словенија се пласираше на првото место на парламентарните избори.
-
Свет 04.06.2018 12:52
Најмалку 25 жртви во вулканската ерупција на Фуего, Гватемала
Катастрофална ерупција на вулканот Фуего во Гватемала, при што загинаа најмалку 25 луѓе, а речиси 300 се повредени. Локалните власти соопштуваат дека расте и бројката на исчезнати.
-
Свет 04.06.2018 12:07
Зариф: Светот треба да се спротивстави на агресивното однесување на САД
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ги повика потписниците на Договорот за нуклеарно оружје да се спротивстават на агресивното однесување на Вашингтон.
-
Свет 04.06.2018 10:23
Јанша доби мандат за формирање Влада
Со освоени 25% од гласовите, антиИмигрантската опозициска партија во Словенија се пласираше на првото место на парламентарните избори.










