• Свет 02.01.2020 10:17

    Курц и Коглер постигнаа договор за формирање влада

    По неколкумесечни прегоовори, Конзервативците на Австрија постигнаа договор за формирање на коалициска влада со Зелените со што за прв пат во Владата влегуваат левичарите.

  • Свет 31.12.2019 13:14

    Жртви во големите пожари во Австралија

    Уште две лица загинаа во пожарите во Австралија со што вкупниот број досега изнесува 12. Едно лице исчезна во Нов Јужен Велс, а во Викторија се трага по четворица. Според властите на оваа австралиска држава, 4000 луѓе побегнале на плажата за да се спасат од огнот кој се шири кон брегот.

  • Свет 31.12.2019 12:22

    Климатските промени – главна поента на новогодишната порака на Меркел

    Борбата против климатските промени во фокусот на новогодишното обраќање на германската канцеларка Ангела Меркел. Нагласи дека човечкиот фактор е виновен за растот на температурите и проблемите создадени од глобалното затоплување.

  • Свет 31.12.2019 12:06

    Жртви во големите пожари во Нов Јужен Велс

    Уште две лица загинаа во пожарите во Австралија со што вкупниот број досега изнесува 12. Едно лице исчезна во Нов Јужен Велс, а во Викторија се трага по четворица.

  • Свет 31.12.2019 11:07

    Киев и Москва со нов договор за транзитот на руски гас

    Руските и украинските компании постигнаа петгодишен договор за транзитот на руски гас низ Украина. Спогодбата била склучена 24 часа пред истекот на претходниот договор за транзит на руски гас.

  • Свет 31.12.2019 10:33

    Бајден е подготвен да сведочи против Трамп во Сенатот

    Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден е подготвен да сведочи и изнесе докази за истрагата за импичментот на претседателот Трамп во Сенатот. Одлуката ја соопшти на средбите со избирачите во Ајова.

  • Свет 30.12.2019 14:27

    Уште шест години затвор за Иво Санадер

    Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на шест години затвор поради примање мито од десет милиони евра, за на унгарската нафтена компанија „Мол“ да и го препушти управувачкиот пакет на хрватската нафтена компанија „Ина“.

  • Свет 30.12.2019 12:53

    Путин: Две децении на власт

    Рускиот лидер ги посочува заживувањето на глобалниот придонес на Русија, индустриска модернизација, просперитетот на земјоделскиот извоз и воената област како клучни резултати од неговиот мандат што почна на 31-ви декември 1999-та година.

  • Свет 30.12.2019 12:09

    САД извршија „дефанзивен напад“ во Ирак и во Сирија

    Американската армија извршила „одбранбени напади“ во Ирак и Сирија против ирачката шиитска радикална група „Катаиб Хезболах“.

    Нападот се случил два дена откако градежен работник од САД беше убиен во ракетен напад врз ирачка воена база.

  • Свет 30.12.2019 11:27

    САД ќе одговорат на какво било тестирање ракети

    Вашингтон ќе биде разочаран ако Северна Кореја тестира нуклеарна или ракета со голем дострел и ќе одговори како најголема воена и економска сила во светот, изјави советник за безбедност на Белата куќа.

Pages