По неколкумесечно лекување поради труење со нервен агенс, поранешниот руски шпион Сергеј Скрипаљ излезе од болница.
Британија ја обвини Русија дека стои зад нападот, а владите на западот, вклучувајќи го и Вашингтон, протераа над 100 руски дипломати.

Со 54 од можните 99 гласа во сенатот, џина хаспел е изгласана за прва жена директор на ЦИА. За лидерот на мнозинството во ова владино тело Мич Мекконел, изборот е направен во вистинско време.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја демантира изјавата на советникот за национална безбедност дека т.н. „либиски модел“ за денуклеаризација се применува за севернокорејското прашање.
Мексиканската полиција го уапси шефот на криминалната група „Ла Линеа“, Карлос Артуро Кинтана, познат по прекарот „Ел Очента“.
За него беше издадена потерница поради криминални активности во северната држава Чивава, а ФБИ го бараше поради трговија со дрога во САД.
Хрватска го презема претседавањето со Советот на Европа, првпат откако стана негова членка пред 22 години. Официјален Загреб се соочува со критики од најстарата организација во Европа за говор на омраза против Србите, претставниците на ЛГБТ заедницата и Ромите.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја демантира изјавата на советникот за национална безбедност дека т.н. „либиски модел“ за денуклеаризација се применува за севернокорејското прашање.
Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта извршила воздушни напади врз позиции на екстремистите во Газа, како одговор на нападите со автоматско оружје од палестинска територија, при што беше погодена зграда во израелскиот град Сдерот.
На хавајскиот голем остров е прогласена црвена тревога за авиосообраќај поради огромниот облак од пепел над вулканот Килауеа, која се појави откако изби лава која предизвика серија земјотреси.
Косовската влада почна со спроведување на „Планот Б“ за трансформација на безбедносните сили на Косово во војска, откако, поради вето на српските пратеници, тоа не успеа да го направи со уставни измени.
Според адвокатот на американскиот претседател, тимот на специјалниот обвинител Роберт Малер не може да поднесе обвинение против Доналд Трамп независно од доказите кои ги поседува против него во истрагата за руско мешање во изборите во САД во 2016 година.