Втор ден блокада на американската влада, обвинувањата меѓу демократите и републиканците продолжуваат. Белата куќа предупредува дека масовните отпуштања на федералните службеници се неизбежни и ќе се случат во наредните два дена, обвинувајќи за политички игри.
-
Свет 02.10.2025 10:49
-
Свет 02.10.2025 09:39
Израел ја пресретна хуманитарната флота за Газа
Израелските војници ја пресретнаа хуманитарната флота за Газа, апсејќи активисти, меѓу кои и Грета Тунберг. Турција и Хамас го осудија потегот како тероризам. Израел понуди мирен трансфер на помошта преку безбедни канали.
-
Свет 02.10.2025 08:46
Зеленски бара силен одговор од Европа за Русија
Додека Русија продолжува со масовни напади низ Украина, а европските лидери во Копенхаген кројат заедничка стратегија за зајакнување на одбраната, Зеленски ги повика да се обединат со посилен одговор на руската агресија и да престанат да купуваат руска нафта.
-
Свет 01.10.2025 18:10
Се чека одговорот од Хамас за мировниот план
Додека Израел продолжува со нападите врз Газа, Хамас го разгледува мировниот план од 20 точки на американскиот претседател. Три до четири дена е рокот за одговор кој Трамп ѝ го даде на палестинската милитантна група.
-
Свет 01.10.2025 15:37
Неформален самит на ЕУ во Копенхаген посветен на одбраната и Украина
Европската одбранбена архитектура и поддршката за Украина во фокусот на вонредниот состанок во Копенхаген. Се подготвува стратегија за справување со руските закани по безбедноста на територијата на ЕУ по се зачестените нарушувања на воздушниот простор.
-
Свет 01.10.2025 15:05
Експлозии и пукање во Минхен, едно лице загина, друго е повредено
Голема полициска акција во северниот дел на Минхен. Специјални единици и експерти за експлозиви интервенираа по неколку експлозии и пукање. Пронајден е починат маж кој ја минирал куќата на своите родители, ја запалил и потоа си пресудил.
-
Свет 01.10.2025 11:45
Земјотрес од 6,9 степени по Рихтер на Филипините, над 60 загинати
Расте бројот на жртви по разорниот земјотрес од 6,9 степени по Рихтер на Филипините. Регистрирани над 60 загинати, а повеќе од 140 се повредени.
-
Свет 01.10.2025 11:25
Генерален штрајк во Грција, јавниот и приватниот сектор во целосен застој
Генерален штрајк во Грција, јавниот и приватниот сектор во целосен застој. Бродовите останаа закотвени во пристаништата, стопирани возовите и јавниот превоз. Исклучок е воздушниот сообраќај – штрајкот на контролорите на летање бил прогласен за незаконски од страна на судот.
-
Свет 01.10.2025 10:18
Американската влада под блокада
По тензична дебата и меѓусебни обвинувања, владата на САД и официјално е под блокада откако демократите одбија да го поддржат планот на републиканците за државното финансирање. Точка на сопнување беше законот за здравствена заштита, кој според мнозинството треба да се реши одделно.
-
Свет 01.10.2025 09:30
Планот за мир презентиран пред кабинетот на Израел
Израелскиот премиер изјави дека ќе им достави подетален извештај на членовите на неговата влада и кабинетот откако тој и американскиот претседател Трамп се согласија за план за прекин на војната во Газа.










