Обединетите нации бараат да запрат нападите врз цивилното население во Украина. Организацијата нотира дека е оштетена енергетската инфраструктура.
-
Свет 13.02.2026 09:40
-
Свет 12.02.2026 20:13
Еден загинат, четворица повредени откако трамвај излетал од шините во Сараево
Едно лице загина, а четворица се повредени откако трамвај излета од шините и удри во стојалиште на една од централните раскрсници во Сараево. Од повредените, две лица се во потешка клиничка состојба.
-
Свет 12.02.2026 19:04
Руте: Мораме да го одбраниме секој сантиметар од територијата на НАТО
НАТО мора да ја брани секоја педа од територијата на сојузниците, дециден е Генералниот секретар. Руте вели дека за разлика од минатото, Европа сега ги зголемува трошоците за одбрана и презема поголема одговорност.
-
Свет 12.02.2026 14:18
Косово доби Влада, Курти повторно премиер
По повеќе од една година политички ќорсокак и десетици неуспешни обиди да се конституира новиот состав на Парламентот на Косово, пратениците со мнозинство гласови го поддржаа кабинетот на Албин Курти, чијшто состав брои 19 министри и тројца вицепремиери.
-
Свет 12.02.2026 14:06
Стартува мисијата „Арктичка стража“
Министрите за одбрана на НАТО се состануваат во Брисел, ден по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ и најавите на алијансата за старт на мисијата „Арктичка стража“ која има цел да ја зајакне безбедноста на Далечниот Север, по тензии во алијансата околу изјавите на
-
Свет 12.02.2026 11:27
Зеленски: Мировен договор со рок за влез во ЕУ
Киев повторно цел на масовен руски напад. Зеленски ги демантираше извештаите дека претседателските избори во Украина би можеле да се одржат на 24 февруари, нагласувајќи дека датумот зависи од безбедносната состојба.
-
Свет 12.02.2026 10:05
Идентификуван убиецот од Тамблер Риџ
Канада во шок и жалост по масовното пукање во Тамблер Риџ во Британска Колумбија. Полицијата соопшти дека нападот го извршила 18-годишна трансродова личност, идентификувана како Џеси Ван Рутселар.
-
Свет 12.02.2026 09:16
Парламентот ја одобри владата на Курти
Новиот парламент на Косово ја одобри владата на Албин Курти, со што заврши повеќе од една година политички ќорсокак. Кабинетот доби 66 гласа „за“, а 49 пратеници гласаа против.
-
Свет 12.02.2026 08:40
САД: Имаме опции, но се стремиме за договор со Иран
Американскиот потпретседател Венс изјави дека САД имаат „друга опција на маса“ ако не се постигне договор со Иран за спречување на нуклеарно оружје. Тој додаде дека Трамп им наложил на преговарачите да се стремат кон договор и дека преговорите ќе продолжат додека тој не одлучи поинаку. -
Свет 11.02.2026 14:38
Насилни протести на опозицијата во Тирана
Протестот на албанската опозиција во Тирана прерасна во судири со полицијата откако демонстрантите фрлаа молотови коктели кон владината зграда на премиерот Рама, по што полицијата интервенираше со водени топови и солзавец. Повредени се најмалку четворица полицајци.










