• Свет 29.09.2025 08:16

    Проевропската партија победник на изборите во Молдавија

    Проевропската партија на молдавската претседателка Маја Санду во водство на парламентарните избори кои се сметаа за клучни за патот на земјата кон ЕУ.

  • Свет 28.09.2025 12:05

    Масовни руски напади врз Киев

    Со стотици беспилотни летала и ракети, Русија изврши масовен напад во Украина. Воздушна тревога прогласена низ целата земја. Има жртви и повредени. Најпогоден е Киев, од граѓаните беше побарано да останат во засолништа. На удар одново и Запорожје.

  • Свет 27.09.2025 12:40

    Протече планот на Трамп со решение за ситуацијата во Газа

    По средбите со лидерите на Блискиот Исток, протече планот на американскиот претседател од 21 точка за крај на војната во Газа. Документот предвидува итен прекин на судирите, ослободување на сите заложници, постепен пренос на власта во Газа, како и разоружување на Хамас.

  • Свет 26.09.2025 19:04

    Свирежи и бојкот пред говорот на Нетанјаху во ОН

    Договорот за Газа е многу блиску, потенцира американскиот претседател. Според Трамп, заложниците ќе бидат вратени, а војната заменета со мир.

  • Свет 26.09.2025 18:03

    Обвинение против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми

    Федералната порота во Вирџинија подигна обвинение против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, за наводно лажно сведочење пред Конгресот во 2020 година. Тој се изјасни за невин, а судењето е закажано за 9 октомври.

  • Свет 26.09.2025 10:57

    Трамп воведува нови царини за лекови

    Американскиот претседател Трамп објави дека од 1 октомври ќе стапат на сила нови царини: 100 насто на увоз на брендирани лекови, 25 на тешки камиони, 50 на кујнски ормари и 30 проценти на тапациран мебел.

  • Свет 26.09.2025 10:10

    Борбите на фронтот продолжуваат, тензии меѓу НАТО и Русија

    Украинскиот фронт гори, разгорувајќи ги истовремено и тензиите меѓу НАТО и Русија по низата упади и нарушувања во европскиот воздушен простор. Москва го нарушува меѓународниот поредок-обвини германскиот шеф на дипломатија Вадефул.

  • Свет 26.09.2025 09:39

    Нетанјаху денеска се обраќа во ОН во Њујорк

    Израелскиот премиер Нетанјаху денеска се обраќа во ОН во Њујорк. Се очекува во својот говор да зборува за како што рече, вистината за неговата земја и најави дека ќе ги осуди земјите што ја признаа Палестина.

  • Свет 26.09.2025 09:12

    Кремљ верува во волјата на Трамп за мир

    Додека украинскиот фронт продолжува да гори американскиот претседател Трамп се сретна со турскиот колега Ердоган од кого побара да се дистанцира од Москва во енергетскиот сектор и да не купува руска нафта за да се стави крај на војната.

  • Свет 26.09.2025 08:51

    Во Брисел состанок по новите повреди на воздушниот простор

    Брисел ја нагласи важноста од инвестирање во безбедносен ѕид од дронови за заштита на Унијата. Најавен е состанок со учество на повеќе земји, меѓу кои и засегнатите Полска, Естонија и Данска, на кој ќе се дискутира за неодамнешните нарушувања во воздушниот простор.

Pages