Каталонија ќе доживее невидена сиромаштија ако се одвои од Шпанија, изјави министерот за економија Луис де Гуиндос, алудирајќи на референдумот за независност.
-
Свет 19.09.2017 11:39
-
Свет 19.09.2017 11:15
Судири на протестен марш против неонацистите во Атина
Грчката полиција се судри со група демонстранти во протестен марш организиран во знак на сеќавање на музичар и активист убиен пред четири години. Павлос Фисас беше усмртен од симпатизери на неонацистите, односно приврзаник на „Златна зора“, по што во земјата почнаа серија протести.
-
Свет 19.09.2017 10:44
Сент Луис: Протести и масовни апсења
Продолжуваат протестите во Сент Луис, Мисури, четврти ден по ред, поради ослободувањето на полицаецот Џејсон Стокли кој уби Афроамериканец.
Демонстрантите се собраа пред затворот за да покажат солидарност со уапсените 120 лица.
-
Свет 19.09.2017 08:50
Ураганот Марија достигна петта категорија
Ураганот Марија во текот на ноќта стана исклучително опасен и достигна јачина од петта категорија, предупреди американскиот Национален центар за урагани. Брзината на ветровите изнесува 260 километри на час.
-
Свет 18.09.2017 15:23
Сенатот ќе одобри 700 милијарди долари за Пентагон
Американскиот Сенат се подготвува да усвои Закон за одбранбената политика на претседателот Трамп. 700 милијарди долари ќе легнат на сметката на Пентагон, ракетната одбрана ќе се проширува и нема да се затвораат воените бази.
-
Свет 18.09.2017 13:12
Нуклеарната програма на Северна Кореја меѓу главните теми на Генералното собрание на ОН
Кина и Русија го почнаа вториот дел од поморските воени вежби на корејското крајбрежје. Тензиите во регионот се зголемуваат поради амбициозниот план за нуклеарната програма на Пјонгјанг кои се повеќе го тестира трпението на Меѓународната заедница.
-
Свет 18.09.2017 11:18
Се засилува новиот ураган „Марија“
Ураганот „Марија“ од прва категорија ќе се засилува во наредните 48 часа.
Траекторијата по којашто се движи е иста со онаа на разорната „Ирма“ која го опустоши Карипскиот архипелаг и дел од Соединетите Американски Држави.
-
Свет 18.09.2017 10:54
Жртви и повредени во невремето во Романија
Осум лица загинаа, а над 60 се повредени во бура во западна Романија. Поројниот дожд и силниот ветер предизвикаа прекин на електричната енергија, блокираа патишта и корнеа дрвја.
Романскиот претседател Јоханис изрази сочувство до семејствата на жртвите и настраданите во невремето.
-
Свет 18.09.2017 10:29
Средба Тилерсон - Лавров во Њујорк
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа на маргините на годишната сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
-
Свет 15.09.2017 16:46
Најмалку 22 повредени во терористичкиот напад во Лондон
Силна експлозија рано изутрината оддекна во метро станицата „Парсонс грин“ при што биле повредени најмалку 22 патника, вклучувајќи и едно десетогодишно дете. Според британските медиуми, експлодирал контејнер во момент кога на метро станицата имало голем број луѓе, што предизвикало општа паника.










