Америка изведе ракетни удари врз воздушна база во Сирија како одговор на наводниот хемиски напад што се случи во Идлиб.
-
Свет 07.04.2017 10:20
-
Свет 06.04.2017 14:58
Нови инциденти на три локации во Русија
Руската полиција усмрти четворица мажи осомничени за убиство на двајца сообраќајци и напад врз припадник на Националната гарда во Астрахан, јужна Русија. Радикалните исламисти пукале во припадниците на безбедносните сили, кои се обиделе да го запрат нивното возило.
-
Свет 06.04.2017 14:33
Се очекува одлуката за екстрадиција на Рамуш Харадинај
Францускиот Апелациски суд ќе ја објави одлуката за можна екстрадиција на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај кој беше командант на Ослободителната армија на Косово во војната во 1998 година.
-
Свет 06.04.2017 12:50
Продолжуваат протестите во Србија против Вучиќ
Илјадници српски граѓани повторно протестираа во Белград против победата на премиерот Александар Вучиќ на претседателските избори.
Демонстрациите се проширија во 24 градови. Граѓаните тврдат дека изборите не биле спроведени во демократски услови, а Вучиќ создал диктатура.
-
Свет 06.04.2017 11:56
По Северна, и Јужна Кореја тестираше балистичка ракета
Сеул лансираше ракета со голем дострел способна да уништи цел на растојание од 800 километри, односно која било цел на територијата на северниот сосед.
-
Свет 06.04.2017 11:18
Рекордно намален бројот на илегални мигранти на границата меѓу САД и Мексико
Бројот на илегални мигранти задржани на границата меѓу САД и Мексико е рекордно намален во текот на минатиот месец.
-
Свет 06.04.2017 10:15
Нов напад во Русија
Убијците на двајца полицајци во рускиот град Астрахан беа ликвидирани откако ранија уште тројца полицајци во нов напад. Радикалните исламисти пукале во припадниците на безбедносните сили, кои се обиделе да го запрат нивното возило.
-
Свет 05.04.2017 15:34
Брисел: Меѓународна ангажираност за мир во Сирија
Силна меѓународна ангажираност за восопоставување на мир во Сирија, и обезбедување на хуманитарна помош за Сиријците е целта на конференцијата во Брисел на која домаќин е високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини.
-
Свет 05.04.2017 14:59
Брегзит: Парламентот расправа, провокации на Гибралтар
Британските власти соопштија дека патролен чамец на шпанската морнарица без дозвола навлегол во територијалните води на Гибралтар.
-
Свет 05.04.2017 14:39
Русија: Уапсени шест лица поради поврзаност со радикалните исламисти
Руските власти уапсиле шест лица од Централна Азија осомничени дека врбувале луѓе за исламистички милитанти организации.










