Во тек е голема акција за спасување мигранти во Егејско Море. Според грчки медиуми чамецот со кој патувале потонал.
Во операцијата учествуваат бродови на грчката крајбрежна стража, пристанишните власти, Фронтекс, еден хеликоптер и уште три бродови.
Во тек е голема акција за спасување мигранти во Егејско Море. Според грчки медиуми чамецот со кој патувале потонал.
Во операцијата учествуваат бродови на грчката крајбрежна стража, пристанишните власти, Фронтекс, еден хеликоптер и уште три бродови.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим идната недела ќе оди во четиридневна посета на САД. Односите меѓу двете земји-членки на НАТО се влошени поради разговорите за екстрадиција на имамот Фетула Ѓулен, кого официјална Анкара го обвинува за неуспешниот обид за пуч.
На последниот работен ден, вработено лице во компанијата Твитер, на шега го деактивираше профилот на американскиот претседател Доналд Трамп. Блокадата траеше 11 минути.
Обвинителството на Шпанија бара издавање на европска потерница за апсење на разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и за уште четворица министри кои останаа во Белгија, игнорирајќи ја судската покана од Мадрид.
Германскиот весник „Билд“ пишува дека германските власти не знаат каде се наоѓаат околу 30.000 странци со одбиен азил на територијата на Германија и пропишана депортација.
Претседателот на САД, Доналд Трамп бара смртна казна за напаѓачот кој со камионет усмрти и повреди цивили на Менхетн. „Терористот од Њујорк ентузијастички побара да го развее знамето на групата „Исламска држава“ во болничката соба. Уби осуммина, а повреди дванаесет луѓе.
Разрешени членови на регионалната влада и парламентот на Каталонија денеска пристигнаа во суд во шпанскиот главен град Мадрид, каде треба да бидат сослушани во врска со обвиненијата за бунт и против- државни активности.
Едно лице е повредено откако израелските безбедносни сили со солзавец и гумени куршуми им се спротивставија на демонстрантите кои протестираа на одбележувањето на 100-годишнината на Балфуровата декларација во Витлеем на Западниот Брег.
Три лица загинаа во пукотниците во трговски центар во градот Тортон, Колорадо. Полицијата не успеала да стигне навреме да го спречи нападот и да го пронајде извршителот. Непознати се и мотивите за вооружениот инцидент. Додека се прегледуваат снимките од безбедносните камери, нема осомничени.
ЦИА објави стотици илјади документи конфискувани за време на убиството на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Материјалот содржи дневник, документи на аудио и видео записи, како и снимки од семејни свечености.