Германската Влада денеска одобри нацрт-закон, кој предвидува казни до 50 милиони евра за социјалните мрежи коишто би одбиле да тргнат објави што содржат говор на омраза или невистини и клевети, пренесе БТА, повикувајќи се на соопштение на германскиот Министерски совет.
-
Свет 05.04.2017 14:07
-
Свет 05.04.2017 13:37
ЕУ вети хуманитарна помош за Сирија
Европската унија вети дека ќе даде хуманитарна помош за Сирија. Хуманитарните напори ќе бидат реализирани со реален напредок на преговорите во Астана за стопирање на огнот во Сирија и на средбите во Женева, каде што се бара политичко решение за сирискиот конфликт.
-
Свет 05.04.2017 12:58
Ердоган најави проширување на операцијата „Штитот на Еуфрат“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека наредната фаза на операцијата Штитот на Еуфрат би можела да биде проширена во Ирак и во Сирија.
-
Свет 05.04.2017 12:23
„Вашингтон пост“: Имало „тајна“ американско- руска средба во ОАЕ
Американскиот весник „Вашингтон Пост“ тврди дека во јануари годинава имало тајна средба меѓу американски бизнисмен, симпатизер на Доналд Трамп и Русин, близок до претседателот Владимир Путин.
-
Свет 05.04.2017 12:21
Доставена резолуција за осуда на нападот со хемиско оружје во Сирија
САД, Велика Британија и Франција доставија до Советот за безбедност на Обединетите нации нацрт-резолуција, со која се осудува нападот со хемиско оружје во Сирија и се повикува на брза и итна истрага.
-
Свет 05.04.2017 11:19
Протести против Вучиќ во неколку градови во Србија
Во неколку градови во Србија беа одржани протести против победата на премиерот Александар Вучиќ на претседателските избори од 2-ри април. Вучиќ доби 55 насто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Саша Јанковиќ беше втор со над 16 проценти.
-
Свет 05.04.2017 10:38
Хајден: Тероризмот и компјутерските напади ќе бидат најголемите безбедносни закани
Тероризмот и компјутерските напади ќе бидат најголемите безбедносни закани во светот во иднина. И по поразот, Исламската држава ќе продолжи да регрутира и извршува терористички напади во Европа и во Америка, оценува поранешниот директор на ЦИА и на военото разузнавање, генерал Мајкл Хајден.
-
Свет 04.04.2017 15:07
Брисел: Дводневна конференција за хуманитарна помош за Сирија
„Тука сме да ја покажеме нашата конкретна солидарниост кон сиријскиот народ кој секојдневно изминативе седум години се соочува со трагични животни ситуации, страв, агонија и очај.
-
Свет 04.04.2017 14:47
Нападот во Санкт Петербург извршен од бомбаш- самоубиец
Рускиот Истражен комитет соопшти дека нападот во метрото во Санкт Петербург, во кој загинаа 14 лица е извршен од бомбаш- самоубиец чиишто посмртни останки се пронајдени во третиот вагон на возот во метрото.
-
Свет 04.04.2017 12:02
Санкт Петербург: Затворено метрото, се стравува од нов напад
Акбаржон Џалилов, Киргистанец со руско државјанство, е осомничениот напаѓач кој усмрти 14 луѓе во метрото во Санкт Петербург. Според безбедносната агенција на Киргистан, тој бил роден во Ош во 1995 година.









