Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на Обединетите Нации, на која ќе расправа за борбата против забранетото нуклеарно оружје и ракетната програма на Северна Кореја.
-
Свет 04.04.2017 10:28
-
Свет 04.04.2017 10:15
Киргистанец со руско државјанство одговорен за нападот во Санкт Петербург
Акбаржон Џалилов, Киргистанец со руско државјанство, е напаѓачот кој усмрти 11 луѓе во метрото во Санкт Петербург. Според безбедносната агенција на Киргистан, тој бил роден во Ош во 1995 година.
-
Свет 03.04.2017 16:15
Најмалку 10 загинати во силна експлозија во метро во Санкт Петерсбург
Силна експлозија го потресе метрото во вториот најголем град во Русија, Санкт Петерсбург. Според последните информации, во вагон на сината линија во метрото се случиле две експлозии. Се претпоставува дека ги предизвикале импровизирани експлозивни направи.
-
Свет 03.04.2017 14:44
Силна експлозија во метро во Санкт Петерсбург, најмалку 10 загинати
Силна експлозија го потресе метрото во Санкт Петерсбург. Руската агенција „ТАСС“ објави дека според прелиминарните информации најмалку десет лица загинале, додека десетици биле повредени.
На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа густ црн чад и еден оштетен вагон.
-
Свет 03.04.2017 12:08
Вучиќ убедливо победи на претседателските избори со 55% од гласовите
Александар Вучиќ е апсолутен победник на изборите во Србија и тој е новиот српски предсетал. Според РИК, Вучиќ со 55,13% од гласовите надмоќно, уште во првиот круг ја доби довербата на српските гласачи.
-
Свет 03.04.2017 11:58
Трамп: САД еднострано ќе дејствуваат против Северна Кореја, доколку Кина не сака да соработува
„САД се подготвени за еднострано соочување со севернокорејската нуклеарна закана, доколку Кина не помогне“, предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“. -
Свет 03.04.2017 11:49
Морено прогласи победа на претседателските избори во Еквадор
Левичарскиот владин кандидат за претседател Ленин Морено прогласи победа на претседателските избори во Еквадор, но неговиот опонент од десницата не го признава резултатот и бара пребројување на гласовите.
-
Свет 03.04.2017 11:13
Ден по победата на претседателските избори, Вучиќ е во посета на Мостар
Премиерот на Србија Александар Вучиќ победи на претседателските избори со освоени 57,03 % од гласовите. Изрази задоволство од резултатот, потенцирајќи дека народот покажал во која насока сака да се движи земјата.
-
Свет 03.04.2017 10:13
Европскиот парламент оваа недела ќе го разгледа прашањето за Брегзит
Европскиот парламент на заседанието во Стразбур ќе го разгледа прашањето за британскиот Брегзит. В среда ќе биде усвоена резолуција со главните позиции и цели на Парламентот во преговарачкиот процес со Лондон.
-
Свет 03.04.2017 08:20
Александар Вучиќ избран за претседател на Србија
Српскиот премиер Александар Вучиќ победи на вчерашните претседателски избори во Србија, освојувајќи околку 55 проценти од гласовите, со што уште во првиот круг е избран за нов шеф на државата.










