• Свет 10.01.2017 14:40

    Во Анкара протести поради уставните измени

    Турскиот парламент вчера ја почна расправата за уставните промени со кои би се прошириле овластувањата на шефот на државата, Реџеп Тајип Ердоган. Предлогот кој е жестоко критикуван од опозицијата би му овозможил на Ердоган да остане на власт до 2029 година.

  • Свет 10.01.2017 13:08

    САД: Санкции против уште петмина руски државјани

    САД воведоа санкции против уште петмина руски државјани, вклучувајќи и еден висок полициски функционер. Санкциите опфаќаат блокирање на нивниот имот и забрана на државјаните на САД да работат со нив.

  • Свет 10.01.2017 11:12

    Трамп ќе се соочи со ризик од меѓународни конфликти

    Владата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе се соочи со ризик од меѓународни конфликти и отстапување од демократските вредности, предупредува американското разузнавање.

  • Свет 10.01.2017 10:32

    Руски дипломат во Атина пронајден мртов

    Шефот на конзуларното одделение во руската амабсада во Атина е пронајден мртов во својот стан, но засега нема сомневања дека е предизвикана насилна смрт, јавија грчки медиуми.

  • Свет 09.01.2017 15:39

    Продолжуваат преговорите за обединување на Кипар

    Лидерите на Кипарските Грци и Турци денеска во Женева ги продолжуваат преговорите за повторно обединување на островот, со цел да изнајдат излез од 42 годишниот конфликт. Двете страни преговараат со посредство на Турција, Грција и Велика Британија која во минатото беше колонизатор на островот.

  • Свет 09.01.2017 15:20

    Одбележување на денот на Република Српска

    Република Српска денеска го одбележува 9-ти јануари, Денот на републиката кој воедно ќе биде и одбележување на 25 години од постоењето.

  • Свет 09.01.2017 12:54

    Продолжуваат преговорите за обединување на Кипар

    Лидерите на кипарските Грци и Турци денеска во Женева ги продолжуваат преговорите за повторно обединување на островот, со цел да изнајдат излез од 42 годишниот конфликт.

  • Свет 09.01.2017 12:05

    Берлин: Укинување на помош за држави кои нема да примат одбиени азиланти

    Германија се закани дека ќе укине развојна помош за државите кои нема да примат назад одбиени баратели на азил.

    Предупредувањето особено се однесува за Тунис каде Берлин не успеа да го депортира Анис Амри осомничен за нападот врз божикниот пазар во тој град.

  • Свет 09.01.2017 10:48

    Нигерија: Над 20 жртви во напад на Боко Харам

    Петмина нигериски војници и над 15 борци на Боко Харам се убиени во напад на исламистичката група врз воена база во североисточниот дел на Нигерија.

  • Свет 09.01.2017 10:23

    Израел: Напаѓачот од Ерусалим бил симпатизер на ИД

    Израелскиот премиер Нетанјаху изјави дек 28-годишниот Фадил Кунбар кој влета во толпа луѓе со камион и уби четири лица во Ерусалим најверојатно бил симпатизер на Исламска држава.

    Во нападот беа повредени уште 13 лица. Во меѓувреме биле уапсени 9-мина, осомничени дека биле соучесници.

Pages