Русија се закани дека ќе одговори соодветно на последниот потег на администрацијата на претседателот Барак Обама која протера 35 дипломати од Вашингтон и затвори два објекта на разузнавачите од Русија.
-
Свет 30.12.2016 10:34
-
Свет 29.12.2016 15:16
Постигнат договор за прекин на огнот во Сирија
Владата на Сирија предводена од Башар Ал-Асад и бунтовниците договорија прекин на огнот, а Турција и Русија ќе бидат гаранти за планот. Примирјето стартува на полноќ.
-
Свет 29.12.2016 14:15
Ирак: Втора фаза од битката за ослободување на Мосул
Ирачките сили ја почнаа втората фаза од битката за ослободување на Мосул, контролиран од Исламска држава.
Операцијата за ослободување почна во октомври, но напредокот на ирачките сили беше бавен. Премиерот на Ирак, ал-Абади изјави дека ќе биде ослободен до крајот на годинава.
-
Свет 29.12.2016 10:59
Заврши основната потрага по остатоците од урнатиот руски авион
Основната потрага по остатоците на рускиот воен авион „Ту-154“ што се урна во Црното Море во близина на Сочи е официјално завршена. Во несреќата загинаа сите 92 патници и членови на екипажот. Меѓу загинатите се и членовите на воениот ансамбл „Александров“.
-
Свет 29.12.2016 10:43
Палестина ќе ги обнови преговорите со Израел ако запре изградбата на еврејските населби
Палестинскиот претседател Махмуд Абас е подготвен за обновување на мировните преговори со Израел, ако се стопира изградбата на еврејските населби.
-
Свет 29.12.2016 10:12
Исламска држава најави напади во Европа за празниците
Џихадистите најавија напади за време на новогодишните празници во Европа. Предупредија: „Наместо огномет, ќе има појаси со експлозиви“.
-
Свет 28.12.2016 14:02
Проблем во закрилцата- причина за падот на рускиот авион
Снимките на една од црните кутии на рускиот авион кој се урна во Црно Море покажаа дека несинхронизирано отворање на закрилцата на леталото ја предизвикало несреќата во која загинаа 92 лица.
-
Свет 28.12.2016 13:44
10 деца загинаа во напад во Сирија
22 лица, вклучувајќи и 10 деца, загинаа во напад врз сириското село Деир Езор кое е под контрола на Исламска држава. Во меѓувреме, Турција и Русија постигнаа договор за прекин на огнот од утре на полноќ.
-
Свет 28.12.2016 12:23
Италијанската и грчката полиција во неколку акции запленија марихуана од Албанија
Италијанската полиција заплени марихуана во неколку одделни акции. Во пристанишниот град Бари пронајде 350 килограми марихуана од Албанија во вредност од околу милион евра.
-
Свет 28.12.2016 11:16
САД негираат дека ги снабдуваат Сиријците со оружје
Американскиот Стејт департмент негира дека федерацијата ја снабдува сириската опозиција со противавионски ракети.










