Над 14 луѓе загинаа во земјотресот од 6,2 степени по Рихтер во централна Италија. Епицентарот бил кај градот Норча во областа Умбрија, на длабочина од 10 километри. Покрај човечките жртви, предизвикана е и голема материјална штета.
-
Свет 24.08.2016 10:14
-
Свет 24.08.2016 08:14
Земјотрес во централна Италија, најмалку 10 жртви
Силен земјотрес кој срамни со земја и згради, го погоди планинскиот дел на централна Италија рано утринава. Неофицијалните информации велат дека засега има најмалку 10 жртви.
-
Свет 23.08.2016 14:01
Почнаа преговорите за испорачување на Ѓулен
Американската и турската делегација во Анкара ги почнаа преговорите за испорачување на имамот Фетула Ѓулен во Турција.
-
Свет 23.08.2016 13:09
Со поддршка од Турција, сириската опозиција најави офанзива врз ИД
Турската војска ги нападна позициите на Курдите и Исламска држава во пограничните области на Сирија. Упориштата во Манбиџ и џихадистите во Џараблус се главните цели на маратонските гранатирања кои следуваат по одлуката на официјална Анкара да ги исчисти границите од терористичката група.
-
Свет 23.08.2016 11:36
Експлозија во дворот на Радио- телевизија Косово
Силна експлозија одекнала во дворот на Радио-телевизија Косово, во непосредна близина на сателитските предаватели.
Во објектот имало вработени, но никој не е повреден.
Полицијата ја блокирала зградата на телевизијата и трага по докази за да утврди дали се работи за напад.
-
Свет 23.08.2016 11:22
Брисел: Ранети три лица во автобус, напаѓачката имала психички проблеми
Жена рани со нож три лица во автобус во Брисел, по што полицаец пукал во неа и ја повредил. Според полицијата, напаѓачката имала психички проблеми.
-
Свет 23.08.2016 10:49
Турција ги чисти границите од терористи
Турската војска ги нападна позициите на Курдите и Исламска држава во пограничните области на Сирија.
-
Свет 23.08.2016 10:15
Нови електронски преписки на Клинтон
ФБИ му предаде на Стејт департментот уште околу 15.000 електронски преписки од приватен сервер на Хилари Клинтон што го користела додека била државен секретар.
Американското Министерство за внатрешни работи ќе ги прегледа документите и ќе реши кои од нив може да бидат објавени.
-
Свет 22.08.2016 16:23
Меркел, Оланд и Ренци разговараат за иднината на ЕУ по Брегзит
Европските челници Ангела Меркел и Франсоа Оланд и Матео Ренци ќе се обидат да дадат нов потик во Европа којашто се наоѓа во криза на идентитетот на состанокот што се одржува на италијанскиот остров Вентотене- симбол на европскиот федерализам.
-
Свет 22.08.2016 15:36
Американска делегација во посета на Турција поради можна екстрадиција на Ѓулен
Делегација на американското министерство за правда пристигнува во Анкара на дискусија за можна екстрадиција на имамот Фетула Ѓулен. Според турската влада, некогашниот сојузник на претседателот Ердоган стои зад обидот за воен удар од 15 јули.









