Весникот „Билд“ тврди дека бројот на жртвите во нападот извршен со камион на божикниот панаѓур во центарот на германскиот главен град се искачил на 12. Тројца од повредените починале во берлинските болници, а деветмина на местото на инцидентот.
-
Свет 20.12.2016 08:09
-
Свет 19.12.2016 20:18
Руско МНР: Убиството на рускиот амбасадор е терористички акт
Русија го оценува убиството на својот амбасадор во Турција, Андреј Ганадиевич Карлов за терористички акт, а ова прашање ќе биде поставено пред Советот за безбедност на ОН, изјави Марија Захарова, портпарол на руското Министерство за надворешни работи.
-
Свет 19.12.2016 16:09
Полска во политичка криза
Трет ден од латентниот политички конфликт во Полска. Опозицијата организира демонстрации пред полскиот Сејм, опозиционерите ги заземаат пратеничките клупи и на владејачката десноориентирана гарнитура. Се протестира и пред Уставниот суд.
-
Свет 19.12.2016 15:31
Раселените лица од Алепо сместени во несоодветни услови за студено време
Стотици раселени лица од Алепо се сместени во бегалскиот камп Џибрен во несоодветни услови за студено време. Досега заминале над 80.000 луѓе од градот поради офанзивата на владините сили врз источниот дел кој беше под контрола на бунтовниците.
-
Свет 19.12.2016 15:18
Над илјада лица приведени во Турција поради соработка со Курдите и ИД
Турската полиција приведе над илјада лица во операции против бунтовниците на Курдската работничка партија (ПКК) и активисти на Исламска држава.
Уапсени се 924 лица поради помагање на борци од ПКК, а приведени се и 88 членови на ИД.
-
Свет 19.12.2016 13:30
Годинава загинале речиси 57 новинари на службена должност
Невладината организација „Репортери без граници“ соопшти дека годинава загинале 57 новинари на службена должност. 53 биле жртви на убиство со предумисла. Повеќето од нив животот го загубиле во воени зони, вклучувајќи ги Сирија, Авганистан, Мексико, Ирак и Јемен.
-
Свет 19.12.2016 12:19
Каталонија најави референдум за независност и покрај забраната од Уставниот суд
Претседателот на Каталонија изјави дека идната година ќе се одржи референдум за независноста на североисточната шпанска покраина иако Уставниот суд го забрани неговото организирање.
-
Свет 19.12.2016 11:49
САД праќаат тенкови во Холандија
САД доставуваат 1.600 тенкови во Холандија како дел од напорите за подобрување на европскиот одбранбен систем. Некои медиуми го сметаат потегот за одговор кон наводно зголемената руска агресија во регионот. Но, воен претставник тврди дека се работи само за превентивна мерка.
-
Свет 19.12.2016 11:05
Се урна руски авион во Сибир, повредени 16 лица
16 лица се повредени кога се урна руски воен авион во Јакутија, Сибир. Во леталото од типот ИЛ-18 се превезувале 39 патници и членови на екипажот.
-
Свет 19.12.2016 10:20
Продолжува евакуацијата во Алепо
Продолжува евакуацијата на цивилите и борците од источниот дел на Алепо. По неколкучасовниот прекин на операцијата, сириската армија и сојузниците им дозволиле на пет автобуси и две амбулантни возила да го напуштат градот.









