Продолжува евакуацијата од последната енклава под контрола на бунтовничките сили во источно Алепо откако процесот беше прекинат поради процедурални причини, тврдат невладините активсти и провладини медиуми.
-
Свет 22.12.2016 10:10
-
Свет 21.12.2016 16:00
Брисел: Усвоени мерки за борба против тероризмот
Европската Комисија го усвои пакетот на мерки за зајакнување на капацитетот на ЕУ за борба против финансирањето на тероризмот и организираниот криминал. Предлозите во целост ќе ја зајакнат правната рамка во областа на перењето на пари како и замрзнување и конфискација на имотот.
-
Свет 21.12.2016 15:35
Убиецот од Берлин е момче од Тунис?
Берлинската полиција објави фотографија од осомничениот тунижанин чии документи беа пронајдени во камионот кој усмрти 12 лица на Божиќниот базар во Берлин. Станува збор за момче на возраст меѓу 21 и 23 години.
-
Свет 21.12.2016 14:20
Фронтот Ал Нусра прeзеде одговорност за атентатот на рускиот амбасадор во Турција
Терористичката група позната како „Фронт Ал Нусра“ презеде одговорност за атентатот врз рускиот амбасадор Андреј Карлов во Турција. Информацијата беше објавена во писмо на интернет. Претходно Москва прати тим истражители во Анкара.
-
Свет 21.12.2016 14:10
Сирија: Тројца турски војници убиени, 11 повредени во борби
Тројца турски војници се убиени и 11 се ранети денеска во борбите покрај градот Ал Баб во северна Сирија. Според информациите, состојбата на еден од повредените е критична.
-
Свет 21.12.2016 13:04
Затворени улиците пред Бакингемската палата
Улиците пред Бакингемската палата од денеска ќе бидат затворени за време на смената на стражарите, а мерката е воведена по нападот со камион на Божиќниот базар во Берлин.
-
Свет 21.12.2016 12:39
13 лица во притвор поради атентатот на рускиот амбасадор
Ковчегот со посмртните останки на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, кој беше убиен во Анкара, е префрлен во Москва. Турските власти приведоа 13-мина, а руските пратија тим од 18 истражители кој се вклучува во истрагата за атентатот.
-
Свет 21.12.2016 12:33
Убиецот од Берлин е момче од Тунис?
Германската полиција дошла до нови информации за убиецот од Берлин. По детален претрес на камионот, биле откриени траги кои укажуваат на 24-годишно момче од Тунис.
-
Свет 21.12.2016 11:56
Сирија: Одобрен мониторинг тимот од ОН за источно Алепо
Сириската влада го одобри мониторинг тимот од Обединетите нации за источно Алепо. 20 набљудувачи ќе ја следат евакуацијата на населението и бунтовниците.
-
Свет 21.12.2016 11:28
Експлозија во Мексико: Загинаа над 30 лица, 70 се повредени
Над 30 лица загинаа, а 70 се повредени во серија експлозии на пазар за пиротехника во Тултепак, во Мексико. Пиротехниката била подготвена за претстојните католички Божикни празници.









