• Свет 11.05.2016 12:52

    Најмалку 64 жртви при екплозија на автомобил- бомба во Багдад

    Во напад со автомобил бомба во населба во Багдад најмалку 64 лица загинаа, а повеќе од 87 се повредени, меѓу кои има и жени и деца.

    Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, кој бил насочен кон шиитските припадници на полицијата.

  • Свет 11.05.2016 11:23

    „Мосак Фонсека“ ќе го тужи Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари

    Панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ ќе го тужи Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, поради откривање детали со оф-шор финансиски договори.

  • Свет 11.05.2016 10:38

    Неизвесна битка за Белата куќа

    Неизвесна битката меѓу кандидатите за шеф на Белата куќа. Доналд Трамп освои уште две сојузни држави во рамки на изборите за номинација за претседателски кандидат на Републиканската партија, победувајќи во Западна Вирџинија и Небраска. 

  • Свет 11.05.2016 10:28

    Европскиот парламент ќе решава за безвизниот режим на Турција

    Европскиот парламент денеска на вонредна седница ќе го разгледува прашањето за укинување на визите за граѓаните на Турција. Тема на дискусиите ќе биде колку Анкара ги исполнила условите за визната либерализација.

  • Свет 10.05.2016 15:35

    Се истражуваат мотивите за нападот во Минхен

    Eдно лице загина, а тројца се повредени, откако беа напднати со нож на железничка станица, во предрадието Графинг, источно од Минхен. Напаѓачот, инаку 27- годишен Германец, кој не живее во баварската област е уапсен.

  • Свет 10.05.2016 15:20

    Анонимна дојава за бомби на 10 локации во Чешка

    Чешката полиција трага по бомбите кои според анонимна дојава треба да експлодираат попладне на најмалку десет места ширум земјата. Според анонимната дојава, бомбите се поставени и на железничките станици во Прага и во Пизен, како и во седиштето на градските власти во Пардубица, источна Чешка.

  • Свет 10.05.2016 12:47

    Еден убиен, тројца повредени во напад во Минхен

    Eдно лице загина, а тројца се повредени, откако беа нападати со нож на железничка станица, во предрадието Графинг,  источно од Минхен. Напаѓачот, инаку 27 годишен германец, кој не живее во бавараската област, е уапсен.

  • Свет 10.05.2016 12:36

    Панама ќе соработува со меѓународната истрага

    Претседателот на Панама Хуан Карлос Варела изјави дека неговата земја ќе ги споделува информациите и ќе соработува со меѓународната истрага за панамските офшор сметки, по вчерашното обелоденување на дел од таканаречените „Панамски документи“.

  • Свет 10.05.2016 12:12

    Пожарот во Канада ставен под контрола

    Полека стивнува огнот во кандскиот град Форт Мекмари. Благодарение на вчерашниот дожд навремената интервенција на пожарникарите, градот со развиената нафтена индустрија, веројатно 90 проценти е спасен, изјави премиерката на Алберта, Рејчел Нотли.

  • Свет 10.05.2016 11:21

    Алепо: Примирјето продолжено за 48 часа

    Примирјето меѓу владините сили и бунтовниците во сирискиот град Алепо, продолжено за 48 часа, до среда на полноќ, објави сириската војска. Ова е втор пат привремениот прекин на огнот, со посредство на САД и Русија, да се продолжува.

Pages