И австралиската полиција уапси петмина за планирање терористички напад во центарот на Мелбурн за време на божикните празници. Четворица од приведените се по потекло од Либан, а родени во Австралија, а петтиот е од Египет.
-
Свет 23.12.2016 12:23
-
Свет 23.12.2016 12:04
Осомничениот напаѓач од Берлин убиен во престрелка во Милано
Полицијата во Милано го уби тунижанецот Анис Амри, осомничен за нападот на Божикниот панаѓур во Берлин, во кој загинаа 12 цивили. Италијанските полицајци биле на рутинска патрола кога го забележале лицето. Отпечатоците на прстите се совпаднале со осомничениот за берлинскиот напад.
-
Свет 23.12.2016 11:04
Годишна прес- конференција на Путин, акредитирани 1.400 новинари
Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја одржи традиционалната годишна прес-конференција за која се акредитирани над 1.400 новинари од целиот свет.
Настанот беше презакажан поради погребот на рускиот амбасадор Андреј Карлов, убиен во Анкара.
-
Свет 23.12.2016 10:51
Браќа од Косово уапсени во Германија поради план за напад за Божикните празници
Двајца браќа од Косово се уапсени во Германија поради план за терористички напад. Агенцијата за внатрешно разузнавање соопшти дека е зголемен бројот на салафисти во земјата.
-
Свет 23.12.2016 10:35
Алепо слави, сириската војска презеде контрола
Жителите на Алепо прославуваа откако владините сили објавија дека си заминала и последната група бунтовници од источниот дел на вториот по големина град во Сирија.
-
Свет 22.12.2016 16:40
Ле Пен: Ќе организирам референдум за напуштање на ЕУ
Лидерот на француската десничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен изјави денеска дека ако победи на претседателските избори во Франција следната година, ќе организира референдум за излегување на државата од Европската унија.
-
Свет 22.12.2016 15:13
13 ирачки војници загинаа во близина на Рамади
Најмалку 13 ирачки војници загинаа во самоубиствен напад западно од престолнината Багдад. Автомобил-бомба експлодирал во колона од воени возила во близина на Рамади, административниот центар на западната провинција Анбар.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за нападот и жртвите.
-
Свет 22.12.2016 12:31
Трамп: Нападите во Берлин и Анкара се доказ дека имав право
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изрази згрозеност од нападите во Берлин и Анкара, нагласувајќи дека имал право кога зборувал за забрана за влез на муслиманите во САД.
-
Свет 22.12.2016 11:47
Авганистанските сили ќе добијат 390 милиони долари од НАТО
НАТО одобри фонд од 390 милиони долари за спроведување на планот за поддршка на авганистанските сили. Со планот е предвидено финансирање на над 37 проекти за војската, вклучувајќи ги платите, логистичката поддршка, медицинските потреби и обуките.
-
Свет 22.12.2016 11:01
Берлин: 100 илјади евра за информации за осомничениот Анис Амри
Властите во Германија понудија 100 илјади евра за информации за Тунижанецот Анис Амри, осомничен за берлинскиот напад во кој загинаа 12 лица. Во инцидентот на божиќниот пазар беа повредени 48 луѓе откако Амри со камион влета во масата народ.







