Продолжуваат битките на украинскиот фронт. Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Европа преку употреба на дронови за саботажа и нарушување.
-
Свет 08.10.2025 18:40
-
Свет 08.10.2025 14:33
Францускиот премиер Лекорну има рок до вечерва да изнајде излез од политичката криза
Францускиот премиер во заминување, Себастјен Лекорну, има рок до вечерва да изнајде излез од политичката криза. По неговата оставка, претседателот Макрон му даде 48 часа за разговори со партиите. Лекорну се надева на компромис за да се избегнат нови избори.
-
Свет 08.10.2025 11:19
Црвен метео-аларм во Романија и Бугарија
Во Бугарија и Романија прогласена црвена метео тревога поради обилните врнежи дожд. Стотици училишта во Романија се затворени, а жителите се советуваат да не патуваат.
Бугарските власти будно ја следат состојбата, откако минатата недела во невремето загинаа четири лица.
-
Свет 08.10.2025 10:09
Високи претставници од САД, Катар и Турција се вклучуваат во мировните преговори за Газа
Во Египет почнува нова рунда мировни преговори за Газа со учество на високи претставници од САД и Катар откако разговорите синоќа завршија без конкретен напредок.
-
Свет 08.10.2025 09:41
Националната гарда во близина на Чикаго
Првите војници на Националната гарда испратени од Трамп пристигнаа во близина на Чикаго, и покрај противењето на демократските власти. Градоначалникот на Чикаго го обвини Трамп дека не споделил информации и ја нарече федерализацијата неуставна и опасна.
-
Свет 08.10.2025 09:08
Во Египет продолжуваат мировните преговори за Газа
Во Египет продолжуваат мировните преговори за Газа со учество на високи катарски и американски претставници додека Израел и Хамас се обидуваат да ги приближат спротивставените барања за крај на војната. Катар предупреди дека ниту една страна нема целосно да ги добие своите услови.
-
Свет 08.10.2025 08:23
Зеленски бара зголемен притисок врз Путин
Зеленски бара од сојузниците засилен притисок врз Путин, обвинувајќи дека претходната претпазливост му дала простор за агресија, додека Русија напаѓа енергетска инфраструктура пред зимата.
-
Свет 07.10.2025 18:16
Израел ја одбележува втората годишнина од смртоносниот напад на Хамас
Со комеморации и протести, Израел ја одбележува втората годишнина од смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври 2023 кога беа убиени околу 1.200 луѓе, а 251 земени како заложници. Семејствата на жртвите и преживеаните се сеќаваат на кобниот ден.
-
Свет 07.10.2025 16:17
Русија напаѓа енергетска инфраструктура, Киев возвраќа на Крим
Украинскиот фронт ескалира. Додека Киев ја зајакнува безбедноста и меѓународната поддршка пред зимата, Русија продолжува жестоко да напаѓа енергетска инфраструктура, удри и врз украинското жито. Украина возвраќа во Крим, погоден најголемиот нафтен терминал.
-
Свет 07.10.2025 11:12
Втор ден од разговорите меѓу Израел и Хамас за мир во Газа
Во Шарм Ел Шеик, втор ден од разговорите меѓу Израел и Хамас за мир во Појасот Газа. Американскиот претседател инсистира страните брзо да ги конкретизираат условите за ослободување на заложниците.










