Бројот на загинати по руското гранатирање на Киев се искачи на над 20 лица, соопшти Државната служба за итни ситуации на Украина. Меѓу жртвите има четири деца. Нападот предизвика штета на просториите на Делегацијата на ЕУ и на Британскиот совет.
-
Свет 29.08.2025 09:42
-
Свет 28.08.2025 14:44
Масовен руски напад врз Киев, оштетена зградата на делегацијата на ЕУ
Русија изврши масовен напад со балистички ракети и дронови врз Киев, погодени се станбени згради и трговски центар. Има жртви и десетици повредени, а се стравува дека бројот на загинати ќе расте додека траат спасувачките акции.
-
Свет 28.08.2025 11:56
СБ на ООН бара итна акција против гладта во Газа
Сите членки на Советот за безбедност на ОН, освен САД, повикаа на итна акција против гладта во Газа. Предупредија дека до септември таа може да се прошири до Деир ал-Балах и Кан Јунис, со ризик над 132.000 деца да страдаат од акутна неухранетост до јуни 2026.
-
Свет 28.08.2025 11:12
САД: ФБИ го истражува пукањето во католичкото училиште во Минеаполис во кое загинаа две деца, а 17 беа ранети
Американското ФБИ го истражува пукањето во католичкото училиште во Минеаполис во кое загинаа две деца, а 17 беа ранети, како чин на домашен тероризам и злосторство од омраза насочено кон католиците.
-
Свет 28.08.2025 10:02
Жртви и повредени во масовен руски напад врз Киев
Русија изврши масовен напад со балистички ракети и дронови врз Киев, погодени се станбени згради и трговски центри. Има жртви и десетици повредени, а се стравува дека бројот на загинати ќе расте додека траат спасувачките акции.
-
Свет 28.08.2025 08:25
Зеленски бара поголем притисок врз Путин
Американската и украинската делегација утре на разговори во Њујорк за безбедносните гаранции на Киев-потврди Зеленски. Истакна дека сите гледаат многу негативни сигнали од Москва во врска со преговорите и затоа е потребен дополнителен притисок.
-
Свет 28.08.2025 08:15
Нови инциденти на протестите во Нови Сад
Пред Филозофскиот факултет во Нови Сад повторно дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако истече рокот што студентите во блокада му го поставија на деканот и силите на редот.
-
Свет 27.08.2025 20:34
Данското МНР го повика највисокиот американски дипломат во Копенхаген на разговор за Гренланд
Данското МНР го повика највисокиот американски дипломат во земјата на разговори откако националниот радиодифузер објави дека најмалку три лица, Американци со врски со Трамп спроведуваат тајни операции за влијание и преземање на Гренланд.
-
Свет 27.08.2025 18:52
Три лица загинаа во пукотница во основно училиште во Минеаполис
Три лица загинаа, а 20 се ранети во пукотница во католичко основно училиште во Минеаполис, во американската држава Минесота.
Според полицијата меѓу жртвите е и осомничениот кој по вооружениот напад извршил самоубиство.
-
Свет 27.08.2025 14:31
САД може да воведат економски санкции за Русија, ако одбие да се согласи на прекин на огнот
Киев призна дека силите на Москва влегле во клучниот регион Днепар, каде што Русија тврди дека има напредок уште од јули годинава. Продолжуваат и меѓусебните напади со беспилотни летала.










