Билатералните односи во сферата на политичката соработка, економијата, енергетиката и инвестициите, проблемот со Кипар и случувањата на Блискиот Исток ќе бидат денеска во фокусот на разговорите на рускиот министер за надворешни работи во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
-
Свет 02.11.2016 10:21
-
Свет 01.11.2016 16:06
Пакистан: Несреќа на бродоградилиште, има мртви и повредени
Најмалку 12 луѓе загинаа, а повеќе од 50 се повредени при експлозија што се случи на бродоградилиште во крајбрежниот град гадани на југозападот на пакистан. Работниците демонтирале стар брод кога експлодирал еден од резервоарите за нафта.
-
Свет 01.11.2016 15:53
Полјаците сѐ повеќе заминуваат од Британија
Засиленото антиполско расположение во Велика Британија, особено во Англија, што се забележува по одлуката за Брегзит, ги тера полските мигранти да почнат да си заминуваат и да се враќаат во својата татковина, јавува Би-Би-Си.
-
Свет 01.11.2016 13:40
Шојгу: Се одложуваат мировните преговори за Сирија
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека продолжувањето на мировните преговори за сирија се одложува на неопределено време поради неуспехот на западот да влијае врз муслиманските екстремисти.
-
Свет 01.11.2016 12:30
Ирачките сили навлегоа во периферијата на Мосул
Ирачките сили навлегоа во периферните делови на Мосул и напредуваат кон внатрешноста на градот и покрај силниот отпор, што го пружаат борците од Исламска држава, кои го контролираат градот.
-
Свет 01.11.2016 11:50
Вашингтон: Критики до Турција поради репресиите на опозицискиот печат
Владата на САД ги осуди репресиите врз слободата на печатот во Турција, откако турската полиција го уапси главниот уредник и други новинари на весникот „Џумхуриет“.
-
Свет 01.11.2016 10:48
Нападната зградата на ОН во западниот дел на Алепо
Тенковска граната ја погоди зградата на ОН во западниот дел на Алепо, оштетувајќи ги повисоките катови. Претставник на ОН во Сирија истакна дека организацијата остро го осудува засиленото насилство во Алепо, што доведе до смрт на голем број цивили, меѓу кои и деца.
-
Свет 01.11.2016 10:19
Косово: Граѓаните да не патуват во Србија
Косовското министерство за надворешни работи ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Србија, откако беше уапсен уште еден косовски граѓанин, под обвинение за воени злостоства.
-
Свет 31.10.2016 16:29
Трамп ѝ се доближи на Клинтон
Хилари Клинтон губи предност во изборната трка откако ФБИ ја обнови истрагата за нејзините и-мејлови. Претседателскиот кандидат на Демократите го обвини Доналд Трамп дека ја користи ситуацијата за да придобие гласачи.
-
Свет 31.10.2016 14:17
Белград: На оружјето пронајдени отпечатоци од најмалку три лица
Отпечатоци од најмалку три лица биле најдени врз оружјето, што беше откриено во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ по завршената ДНК анализа.










