Европската комисија предложи да се продолжи со три месеци дозволата на извршување на гранични проверки од Германија, Австрија, Данска, Шведска и Норвешка во рамките на Шенген.
-
Свет 26.10.2016 12:37
-
Свет 26.10.2016 11:20
Ренци се закани дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
Италијанскиот премиер Матео Ренци се закани дека ќе го блокира буџетот на Европската унија ако источноевропските земји одбиваат да прифатат мигранти. Додаде дека наредната година ќе биде клучна за прашањето за запирање на бегалскиот бран.
-
Свет 26.10.2016 11:08
Негувателка на стари лица убила 8 луѓе во Канада
Негувателка вработена во два дома за стари лица во Онаторио е обвинета за убиство на осум стари лица.
На Елизабет Ветлауфер и се суди за давање смртоносни дози лекови со кои убила седум лица на возраст меѓу 75 и 96 години.
-
Свет 26.10.2016 10:27
Последна турнеја на Обама- ќе ги посети Грција, Германија и Перу
На последната турнеја во рамките на претседателскиот мандат, Барак Обама ќе ги посети Грција, Германија и Перу. Турнејата, која ќе трае од 14 до 21 ноември, ќе следува само неколку дена откако ќе биде избран неговиот наследник.
-
Свет 25.10.2016 14:27
Масовна полициска акција во Германија против терористите
Германската полиција спроведува полициска акција во 5 германски покраини при што се уапсени петнаесетина симпатизери на Исламска држава. Причина за акцијата се информации за планирање на напади и дејствија против државата.
-
Свет 25.10.2016 13:48
Експлозија на бомба во Анталија, 10 лица повредени
Десетмина се повредени во експлозија во близина на Стопанската комора во Анталија.
Причините засега не се познати, но властите се сомневаат дека станува збор за уште еден терористички напад.
-
Свет 25.10.2016 11:48
Старџен: Плановите за референдум за независност на Шкотска се сериозни
Шкотската премиерка Никола Старџен изјави дека планот за втор референдум за независност е сериозен. Тема на средбата со британската премиерка Тереза Меј биле подготовките на преговорите за напуштање на ЕУ.
-
Свет 25.10.2016 10:01
Вучиќ: Криминални групи во Србија подготвувале илегални активности во Црна Гора
По повеќедневна акција надлежните служби дошле до непобитни докази за криминални групи кои од Србија подготвувале илегални активности во Црна Гора, меѓу кои е секојдневното следење на движењето на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.
-
Свет 25.10.2016 09:53
Изборите во САД ги поделија европските држави
Полска, Унгарија, Италија и Британија го поддржуваат изборот на Доналд Трамп за американски претседател, додека Фрација, Германија и Шведска се за Хилари Клинтон.
-
Свет 25.10.2016 09:49
Масовна евакуација на мигрантите од францускиот камп „Кале“
Продолжува евакуацијата на мигрантите од кампот „Џунгла“ во францускиот град Кале. Во првиот ден од операцијата за уривање на озлогласениот камп беа евакуирани 2.318 мигранти.









