Демократскиот лидер во американскиот Сенат го обвини шефот на ФБИ за прекршување на законот поради тоа што објавил јавно дека Бирото води истрага за електронска пошта, која е веројатно поврзана со Хилари Клинтон.
-
Свет 31.10.2016 13:01
-
Свет 31.10.2016 11:18
Лаворов ги критикува САД
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги критикува САД за лицемерни обвинувања во однос на сириската војна. Лавров нагласи дека оние што сега ја напаѓаат Русија за воени злосторства врз цивили, убиваа невини луѓе во војната во Југославија.
-
Свет 31.10.2016 10:26
Австралија ќе им забрани влез на илегалните мигранти
Австралиските власти ќе му забранат влез на секој илегален мигрант кој се обидел со брод да стигне во земјата.
Законот што ќе биде доставен во Парламентот предвидува доживотна забрана за патување во Австралија на илјадници баратели на азил кои се вратиле во матичните земји.
-
Свет 31.10.2016 10:09
Германските разузнавачи предупредуваат за терористички напади во Европа
Според германското внатрешно разузнавање, поразот на Исламска држава во Ирак и Сирија ќе предизвика серија терористички напади во Европа.
Меѓународната заедница води интензивна борба против џихадистите коишто имаат поддршка во многу земји низ светот.
-
Свет 30.10.2016 11:36
Силен земјотрес во Италија, нема информации за жртви
Нема загинати, само неколку луѓе се повредени по земјотресот што утринава ја погоди централна Италија, соопшти локалната Служба за цивилна заштита.
До моментот немаме информации за жртви, изјави Фабрицио Курчо, началник на италијанската Служба за цивилна заштита.
-
Свет 28.10.2016 16:17
Шојбле: Посилен мониторинг за фискалната политика на ЕУ
Германскиот министер за финансии Шојбле предлага мониторингот на фискалната политика на Европската унија да го врши „Механизмот за европска стабилност“.
-
Свет 28.10.2016 12:24
Ризик од кисели дождови во Турција
Во Турција постои ризик од појава на кисели дождови поради тоа што борците од Исламска држава запалиле хемиска фабрика за производство на сулфур во Мосул.
-
Свет 28.10.2016 11:44
24 држави ќе формираат морски резерват на Антартикот
24 држави се договорија да формираат најголем морски резерват во Антарктичкиот океан со површина од 1,6 милиони километри квадратни.
-
Свет 28.10.2016 11:21
Земјотрес од 5,9 степени регистриран во Чиле
Земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер беше регистриран вчера во близина на брегот на Чиле, соопшти Американскиот геофизичкиот институт. Епицентарот на потресот бил на длабочина од околу 15 километри во Тихиот Океан.
-
Свет 28.10.2016 10:35
Клинтон- Трамп: Спротивставени гледишта за надворешната политика
Доналд Трамп ќе ја гледа американската надворешна политика како средство за остварување на американските интереси.









