Полицијата во Њујорк соопшти дека трага по 28-годишниот Ахмад Кан Рахами поради поврзаност со бомбашкиот напад во квартот Челси на Менхетан за време на викендот, јави Си-Ен-Ен.
Полицијата објави и фотографија од осомничениот.
Полицијата во Њујорк соопшти дека трага по 28-годишниот Ахмад Кан Рахами поради поврзаност со бомбашкиот напад во квартот Челси на Менхетан за време на викендот, јави Си-Ен-Ен.
Полицијата објави и фотографија од осомничениот.
Полицијата во Истанбул приведе 40 странски државјани поради сомнение дека престојувале во Сирија. Операцијата е дел од акцијата на припадниците на безбедносните сили за борба против Исламска држава.
Обединетата косовска опозиција, Алијансата за иднината на Косово, Иницијатвата за Косово и Движењето „Самоопределување“ бараат предвремени парламентарни избори.
ФБИ уапси петмина мажи осомничени за извршување на бомбашкиот напад во Њујорк во кој беа повредени 29 луѓе. Акцијата била спроведена додека со возило се движеле преку мост во Бруклин и најверојатно биле упатени кон аеродромот.
Во Обединетите нации во Њујорк ќе се одржи Самит за бегалците и мигрантите, кој ќе го отвори новиот претседавач на Генералното собрание на Организацијата Питер Томсон. Говор ќе одржи и генералниот секретар Бан Ким-мун.
Приведени се 40 странски државјани во Истанбул поради сомнение дека престојувале во Сирија. Операцијата е дел од акцијата на припадниците на безбедносните сили за борба против Исламска држава.
Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави победата на владејачката партија „Единствена Русија“ на парламентарните избори, наглсувајќи дека народот гласал за политичка стабилност.
ФБИ уапси петмина мажи осомничени за извршување на бомбашкиот напад во Њујорк во кој се повредени 29 луѓе. Акцијата била спроведена додека се движеле со возило преку мост во Бруклин и оделе веројатно кон аеродромот. Двата уреди биле импровизирани експлозиви поставени во сад за готвење.
Во еден од мејловите до кои стигнале руски хакери поранешниот државен секретар на САД и генерал Колин Пауел наведува дека Израел има околу 200 парчиња нуклеарно оружје.
Маж во Лондон којшто денес и се заканувал на полицијата дека е вооружен со пиштол бил уапсен откако полицајците ја евакуирале областа Виндмил во центарот на британската престолнина.