Нешто пред 12 часот, портпаролот на француската влада Стефан Ле Фол, соопшти дека заврши полициската акција против терористите во Сен Дени. Оваа информација ја даде веднаш по завршувањето на министерскиот совет на Владата со претседтелот на Франција во Елисјската палата.
-
Свет 18.11.2015 13:16
-
Свет 18.11.2015 12:25
Терористички напад во Нигерија, голем број загинати и повредени
Терористички напад во Нигерија. Голем број загинати и повредени при експлозија на бомба во североисточниот град Јола, соопшти претставник на Црвениот крст.
-
Свет 18.11.2015 10:11
Нигерија: Најмалку 32 жртви во екплозија на бомба во Јола
Најмалку 32-ца загинаа повеќе од 80 се повредени при експлозија на бомба во североисточниот нигериски град Јола. Експлозивот бил активиран на пазар во момент кога имало голема фреквенција на луѓе.
-
Свет 18.11.2015 10:05
Париз: Загинати и уапсени во антитерористичка акција во предградието Сен Дени
Голема антитерористичка акција во француското предградие Сен Дени во Париз. Повеќе од сто полицајци заедно со војската го опколиле станот во кој биле лоцирани петтемина терористи кои учествуваа во нападите во петокот вечерта.
-
Свет 17.11.2015 16:53
Валс: Сеуште ја немаме целосната слика
Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека се уште не се знае точно колку луѓе биле вмешани во терористичките напади во Париз. Тој истакна дека можеби има соучесници во Белгија, поединци што се поврзани со убиствата, и дека сега е најважно властите да се фокусираат на истрагата.
-
Свет 17.11.2015 16:10
Белгија го подигна нивото на безбедност
Антитерористичките акции во Брисел продолжуваат, но Министерството за внатрешни работи синоќа апелираше до медиумите да не известуваат во детали за тоа, бидејќи се крева паника меѓу граѓаните и влијае врз истрагата.
-
Свет 17.11.2015 15:12
Франција: Масовна мобилизација на безбедносните сили
Масовна мобилизација во Франција по терористичкиот напад во Париз. 115 илјади припадници на безбедносните сили се распоредуваат на клучни точки низ земјата.
-
Свет 17.11.2015 14:10
Рускиот авион урнат од терористи, пронајдени траги од експлозив
Рускиот авион што падна над Синајскиот Полуостров бил намерно урнат. Се работи за терористички чин, траги од експлозив се најдени на остатоците, се вели во извештајот што Федералната безбедносна служба му го достави на претседателот Путин.
-
Свет 17.11.2015 13:48
Тунис: Спречен голем терористички напад
Туниските власти уапсиле 17 исламистички милитанти организирани во ќелии и спречиле голем терористички напад на хотелите и на безбедносните сили планирани за овој месец, соопштил владин претставник на Тунис.
-
Свет 17.11.2015 13:45
Двајца загинати и четворица повредени во земјотресот кај Лефкада
Двајца загинати и четворица повредени е резултатот од силниот земјотрес што го погоди грчкиот остров Лефкада.
60-годишна жена загинала во својата куќа, смачкана од карпа што се одвоила од планината. Повредените, меѓу кои и 12-годишно дете, се хоспитализирани.










