Либиската армија влезе во Сирт, упориштето на џихадистичката група Исламска држава во земјата.
Во родниот град на поранешниот либиски диктатор Гадафи се водат жестоки судири. Војската презела клучен мост, на кој ИД ги бесела непријателите.
Либиската армија влезе во Сирт, упориштето на џихадистичката група Исламска држава во земјата.
Во родниот град на поранешниот либиски диктатор Гадафи се водат жестоки судири. Војската презела клучен мост, на кој ИД ги бесела непријателите.
Рускиот претседател Путин му го врати на израелскиот премиер Нетанјаху тенкот што го заробиле Арапите во Либанската војна од 1982 година.
Полицијата ги уапси напаѓачите кои убија четворица во Тел Авив. Шестмина беа повредени во нападот во центарот на градот во близина на Министерството за одбрана. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го осуди инцидентот.
Хилари Клинтон е првата жена во американската историја која ќе стане претседателски кандидат на една од двете најголеми политички партии во Соединетите Американски Држави.
Над 31 илјада војници од 24 земји, меѓу кои и Македонија, учествуваат во најголемите воени вежби на НАТО во Источна Европа наречени „Анаконда 16“ по Студената војна.
Тројца загинаа во експлозија на бомба автомобил кој влетал во полициска станица во југоисточниот дел на Турција. Над 30 лица се повредени.
Досега никој не ја презеде одговорноста, но според премиерот на Турција, Јилдирим, нападот е извршен од курдските бунтовници.
Евроскептицизмот продолжува да расте меѓу жителите на земјите членки на ЕУ, покажува истражувањето на француската агенција „ТНС“ спроведено во десет земји.
Вработените во метрото, трамваите и електричната железница во Грција почнуваат четиричасовен предупредувачки штрајк. Протестираат против приватизацијата на градскиот транспорт и против задоцнетото потпишување на нови колективни договори.
Британскиот премиер Дејвид Камерон и лидерот на Независната партија на Обединетото Кралство (УКИП) Најџел Фериџ дебатираа за иднината на Британија во врска со членството во Европската Унија.
По договорот со Турција, Европската комисија ќе претстави нов план за решавање на бегалската криза кој предвидува т.н. „мигрантско партнерство“ со 9 африкански земји.