Силен земјотрес со магнитуда од 7,5 степени го погоди северниот дел на Авганистан во подрачјето на планинскиот синџир Хиндукуш, соопштува Американскиот геолошки институт. Потресот е почувствуван и во Индија и Пакистан.
-
Свет 26.10.2015 13:58
-
Свет 26.10.2015 13:29
Запленети 700 килограми марихуана во Драч
Албанските царински работници во пристаништето Драч откриле и заплениле околу 700 килограми марихуана, која требало да биде прошверцува за италија.
-
Свет 26.10.2015 12:59
215 белгиски џихадисти добиваат социјална помош
Вкупно 215 белгиски џихадисти добиваат социјална помош, соопштија локалните медиуми, а властите утврдиле точен идентитет и место на престој на 85 од нив.
-
Свет 26.10.2015 12:00
Глумецот и комичар Џими Моралес стана претседател на Гватемала
Џими Моралес, поранешен комичар и глумец ги освои мнозинството гласови на претседателските избори во Гватемала.
-
Свет 26.10.2015 11:07
Евроскептиците победија на изборите во Полска
Според неофицијалните резултати полската евроскептична опозициска партија „Право и правда“ победи на вчерашните парламентарни избори и ќе има апсолутно мнозинство Долниот дом на Парламентот.
-
Свет 26.10.2015 10:01
Најмалку четири жрвти во бродска несреќа во близина на Ванкувер
Несреќа во близина на канадскиот остров Ванкувер. Четворица загинаа, осумнаесетмина се хоспитализирани, откако потона туристички брод на кој патувале 27 луѓе кои го набљудувале движењето на китовите.
-
Свет 23.10.2015 16:42
Франција во шок по страотната сообраќајна несреќа
Франција е во шок- последен пат кога Франција се соочи со трагедија од вакви размери на патиштата беше во 1982 година, кога во Бон, Кот-д’Ор, кога загинаа 53 лица, главно деца.
-
Свет 23.10.2015 15:35
Словенија го активира механизмот на ЕУ за цивилна заштита
Соочена со големиот бран бегалци, Словенија го активира механизмот за цивилна заштита на ЕУ во барање помош, изјави портпаролката на ЕК, Наташа Берто.
-
Свет 23.10.2015 15:14
Франција: Најмалку 42 загинати во судир меѓу камион и автобус
Најмалку 42 лица загинаа во судир меѓу камион и автобус во југозападна Франција, источно од Бордо. Двете возила се запалиле веднаш по ударот. Несреќата ја преживеале 8 луѓе, кои избегале кога избувнал огнот. На местото на несреќата пристигнале 60-ина пожарникари.
-
Свет 22.10.2015 17:43
Расте бројот на загинати во училиштето во Шведска
На двајца загинати се искачи црниот биланс по нападот со меч во училиште во градот Тролхатан во Шведска. Наставникот починал на самото место, а ученикот им подлегнал на повредите во болница. Уште двајца ученици на возраст од 11 и 15 години се тешко повредени.










