Најмалку десет луѓе загинаа во експлозија во воз на метро станицата Малбек во Брисел, што се наоѓа во дипломатскиот кварт и во близина на институциите на ЕУ.
-
Свет 22.03.2016 10:54
-
Свет 22.03.2016 10:10
Експлозија и во метро станица во Брисел
По експлозиите на аеродромот „Завентем“, претпладнево се случи уште една експлозија во метро станицата Малбек во белгискиот главен град, во близина на институциите на ЕУ, јави белгиската телевизија РТБФ.
-
Свет 22.03.2016 09:58
Најмалку 11 загинати во две експлозии на бриселскиот аеродром
Две експлозии на аеродромот во Брисел. Најмалку 11 луѓе се загинати, а 20-тина се ранети на аеродромот „Завентем“. Полицијата потврдила дека експлозиите се случиле околу 8 часот изутрината, предизвикувајќи сериозна материјална штета, без да дава детали дали се поврзани со тероризам.
-
Свет 21.03.2016 16:44
Уапсени над 160 лица во немирите во Истанбул
Полицијата во Истанбул уапси повеќе од 160 лица, од кои 8 малолетници поради учество во недозволени протести по повод курдската нова година - Невруз.Според полицијата, уапсени лица палеле автомобилски гуми, поставувале барикади и врз полицијата фрлале камења, петарди и молотови коктели.
-
Свет 21.03.2016 12:43
Барак Обама во историска посета на Куба
Американкиот претседател Обама доцна синоќа пристигна во Хавана, во историска посета на Куба. Тој е воедно и првиот претседател на САД којшто по 88 години престојува на овој карипски остров, додека е сѐ уште на функција.
-
Свет 21.03.2016 12:19
Сеул: Северна Кореја истрела ракети со краток дострел
Северна Кореја истрела неколку ракети со краток дострел, кои паднале во водите на Јапонското Море. Ракетите биле лансирани од североисточниот дел на Северна Кореја.
-
Свет 21.03.2016 11:56
Јемен: Владата и бунтовниците се согласија на примирје
Јеменските шиитски бунтовници Хути и владата на Јемен се согласиле на примирје во траење од една до две недели.
-
Свет 21.03.2016 11:21
Женева: Продолжуваат преговорите за Сирија
Денеска во седиштето на ОН во Женева треба да продолжат индиректните мировни преговори на завојуваните страни во Сирија.
Претставникот на ОН за Сирија, Стефан Де Мистура во петокот ги повика властите во Дамаск да изнесат конкретни предлози за политичката транзиција во земјата.
-
Свет 21.03.2016 10:28
Барак Обама пристигна во историска посета на Куба
Американкиот претседател Обама доцна синоќа пристигна во Хавана, во историска посета на Куба. За време на посетата е предвидено е Обама да одржи средба со кубанскиот претседател Раул Кастро и со група политички дисиденти, а ќе зборува и во Националниот театар во Хавана.
-
Свет 21.03.2016 10:05
Атина: Грција не е подготвена за спроведување на договорот меѓу Брисел и Анкара
Грција не е подготвена за спроведување на договорот меѓу Брисел и Анкара за враќање на мигрантите и бегалците од нејзина територија, изјавија во владата во Атина.










