Израелските воздухопловни сили ја бомбардираа терористичката инфраструктура во појасот Газа рано изутрината откако била истрелана ракета врз Израел од палестинската територија.
-
Свет 16.07.2015 11:34
-
Свет 16.07.2015 10:56
Грција: Парламентот ги усвои мерките за штедење
Со 229 гласа „ЗА“ грчкиот парламент го поддржа предлог законот за итни мерки за водење преговори и склучување договор со Европскиот стабилизациски механизам.
-
Свет 16.07.2015 10:18
Вашингтон: Блокирани се сите начини Иран да дојде до нуклеарно оружје
Договорот за нуклеарната програма на Иран предвидува редовна меѓународна инспекција и остранување на две третини од центрафугите за збогатување на нуклеарен материјал, што ќе се складира во странство. Во наредните 50 години, Иран нема да гради нови нуклеарни реактори.
-
Свет 15.07.2015 16:38
Грција: Парламентот гласа, народот протестира
Грчкиот Парламент денеска гласа четири нови закони од пакетот мерки што ги бараат меѓународните кредитори.
-
Свет 15.07.2015 11:47
Јемен: 142 цивили убиени во последните 10 дена
Најмалку 142 цивили се убиени во последните 10 денови во Јемен, со што бројот на цивилни жртви за три месеци се искачи на 1.670. Коалициските воздушни напади и копнените борби продолжуваат и покрај примирјето што го издејствуваа Обединетите нации.
-
Свет 15.07.2015 11:20
Објавена снимка од бегството на Ел Чапо
Мексиканските власти ја објавија снимката од безбедносната камера направена моменти пред бегството на најбараниот нарко бос. На неа се гледа како чекори низ келијата пред да се упати кон тушот и да исчезне.
-
Свет 15.07.2015 10:50
Штрајк на државниот сектор во Грција
Државниот сектор во Грција е блокиран поради 24-часовен штрајк на ниво на целата држава. Синдикатите ги повикаа демонстрантите пред парламентот, каде што до вечер мора да се усвојат реформите од договорот со Еврозоната, меѓу кои и тие за ДДВ-то и пензискиот систем.
-
Свет 14.07.2015 16:57
Со воена парада Франција го одбележа националниот ден на републиката
Симбол на "пост-Шарли" парадата започна со дефилирањето на полициските елитни единици, кои за прв пат учествуваа на 14 јулска парада на Елисејските полиња. Некои од нив учествувале во директните судири со терористите ова зима.
-
Свет 14.07.2015 15:21
Грција: Трка за поддршка за третиот пакет помош
Никос Хунитас е првиот министер во владата на Алексис Ципрас, кој поднесе оставка. Тој беше ротационен министер за европски прашања, како и пратеник на Сириза. На негово место доаѓа новинарот Јоргос Куритис.
-
Свет 14.07.2015 13:20
Постигнат договор за иранската нуклеарна програма
Во австриската престолнина, виенски мировен валцер за Иран и шесте светски сили кои конечно постигнаа историски договор за ограничување и запирање на нуклеарната програма во воени цели.










