-
Свет 25.11.2014 12:26
Се сруши осумкатница во Каиро
Се сруши осумкатница во западно предградие на Каиро. Најмалку десет лица загинаа, а седумина се повредени. Спасувачките екипи трагаат по преживеани под урнатините, а властите евакуираа неколку околни згради. -
Свет 25.11.2014 11:44
Нема договор за нуклеарната програма на Техеран
Иран и светските сили не постигнаа договор за нуклеарната програма на Техеран. Разликите во позициите го продолжија рокот за уште седум месеци.
-
Свет 25.11.2014 11:41
Опасност од поплави по историските снижни врнежи во Бафало
По историските снежни врнежи во Бафало минатата недела, температурите полека растат. Снегот почна да се топи, што ја зголемува опасноста од поплави. Дел од населението започна со евакуација.
-
Свет 25.11.2014 11:38
Папта Франциско во Стразбур ќе зборува за невработеноста и имиграцијата
Папата Франциско во четиричасовна посета на Стразбур. Предвидено е да одржи говор во Советот на Европа и во Европскиот Парламент.
Според информациите, невработеноста и имиграцијата ќе бидат главни теми за кои ќе зборува папата.
-
Свет 25.11.2014 10:27
Ескалира состојбата во Фергусон по ослободителната пресуда за Вилсон
Ескалираше состојбата во американскиот град Фергусон по ослободителната одлука на поротата за полицаецот Дарен Вилсон, кој на 9-ти август го застрела момчето од афроамериканско потекло, Мајкл Браун.
-
Свет 25.11.2014 08:52
Насилни немири во Фергусон
Насилни немири во американскиот град Фергусон избувнаа доцна синоќа откако поротата во американскиот град Фергусон донесе ослободителна пресуда за полицаецот Дарен Вилсон којшто на 9-ти август го застрела тинејџерот Афроамериканец Мајкл Браун. -
Свет 24.11.2014 19:40
Британија со нов пакет мерки за борбата против тероризмот
Британија под закана од тероризам, најголема од нападите врз кулите близначки во САД. Властите поготвуваат нови пакет мерки за борбата против тероризмот, поради зголемениот број млади кои се борат на страната на џихадистите во Сирија.
-
Свет 24.11.2014 19:20
Големи поплави во Мароко - 17 загинати и над18 лица исчезнати
Силно невреме со поплави на југот на Мароко. Седумнаесетмина го загубија животот спасувачите трагаат по повеќе од 18 исчезнати. Меѓу нив е и 9-годишно девојче, кое со уште шестмина се удавило во надојдената река Тамсурт.
-
Свет 24.11.2014 17:15
Нови судири во Израел
Нови судири во Израел - тројца млади Израелци нападнале палестинско момче. Полицијата отворила истрага, но не се наведени околностите за нападот.
Тензиите во земјата ескалираат. Вчера еврејски напаѓачи запалија куќа на Палестинец за Западниот Брег.
-
Свет 24.11.2014 17:12
Порошенко: На референдум ќе се одлучува за членство во НАТО
Народот на референдум ќе се изјасни дали сака да биде дел од НАТО, изјави украинскиот претседател Порошенко, по најавата на Столтенберг дека секоја земја која ќе ги исполни критериумите може да биде дел од НАТО.










