Откриена е канцерогена супстанца хекса-хлор-бекол во млекото и добиточната храна на 35 фарми во австриската покраина Корушка. Властите тврдат дека контаминираното млеко не стигнало до потрошувачите.
-
Свет 27.11.2014 15:36
-
Свет 27.11.2014 15:31
Бомбашки напад на британската Амбасада во Кабул
Најмалку шест лица загинаа, меѓу кои еден Британец и петмина Авганистанци во напад на бомбаш самоубиец врз возило на британската Амбасада во Кабул. Самоубиецот удрил со автомобилот полн со експлозив во возило на британската Амбасада.
-
Свет 27.11.2014 15:20
Европскиот парламент и изгласа доверба на Комисијата на Јункер
Со огромно мнозинство, европратениците ја отфрлија иницијативата за недоверба на Европската комисија и на нејзиниот претстедател Жан Клод Јункер. 461 пратеник гласаа против, 101 беа за, а 88 гласаа воздржано.
-
Свет 27.11.2014 13:38
ОПЕК расправа како да го сопре падот на цената на нафтата
Министрите на земјите челенки на ОПЕК во Виена ќе расправаат за запирање на падот на цената на суровата нафта на светските берзи.
-
Свет 27.11.2014 13:34
Грција парализирана од штрајк и масовни протести
Генерален штрајк и масовни протести со молк на медиумите во Грција. Работата на државниот и приватниот сектор парализирана.
Во Атина се затворени државните и општинските институции, а болниците примаат само итни случаии.
-
Свет 27.11.2014 11:29
Хаити сеуште се бори со колерата
Здравствениот систем на Хаити се уште нема капацитет адекватно да му пристапи на лекувањето на пациентите заболени од колера.
-
Свет 27.11.2014 11:21
Денот на благодарноста во сенка на протестите низ САД
Во екот на протестите низ целата територија на САД, Денот на благодарност е ставен во сенка. Демонстрациите се проширија во повеќе од 170 американски градови. И натаму најжестоки се протестите во Фергусон. Во немирите пукано е во два агента на ФБИ.
-
Свет 27.11.2014 10:44
Силна снежна бура ги зафати североисточните делови на САД
Силна снежна бура ги зафати североисточните реони на САД. Гувернерот на државата Њу Џерси, која се граничи со Њујорк, Крис Кристи, објави вонредна состојба. -
Свет 26.11.2014 19:30
Рударска несреќа во Кина - 24-ца загинати и педестина повредени
24-ца загинати и педестина повредени во рударска несреќа на североистокот на Кина. Земјотрес предизвикал пожар, а рударите не можеле да побегнат од пламените јазици.
Рудниците во Кина се меѓу најнебезбедните за работа.
-
Свет 26.11.2014 19:26
Штрајк на медиумските работници во Грција
Штрајк на медиумските работници во Грција, против политиките на владата. Новинарите бараат задолжителни колективни договори, исплата на заостанати плати и обновување на работата на затворената грчка радио и телевизија.









