-
Свет 07.07.2014 14:31
Супер тајфун оди кон јапонскиот остров Окинава
Тајфунот Неогури денеска тргна кон островот Окинава на југот на Јапонија, следен од ветар со брзина од 270 километри на час, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. -
Свет 07.07.2014 14:17
Меркел: Тврдењата за американско шпионирање- сериозно прекршување на довербата
Обвинувањата дека германски агент работел како двоен шпион за САД, доколку се покажат точни, се многу сериозни и се во целосна контрадикторност на она што би требало да биде соработката и доверба помеѓу партнери, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, која се наоѓа во тридневна посе
-
Свет 06.07.2014 17:41
Славјанск и Краматорск под контрола на украинските власти
Источно украинските региони Славјанск и Краматорск повторно се под контрола на украинските власти. По повеќенеделни борби украинската армија успеја да ги заземе двете упоришта на проруските сепаратисти кои се повлекуваат во насока на доњецк.
-
Свет 06.07.2014 17:16
Најопасните исламистички групи во Африка и Блискиот Исток
Акциите на радикалните исламистички групи во Ирак, Нигерија, Сомалија без престан го шокираат светот. Теророт на ИДИЛ, Боко Харам, Ал Шабаб ја загрозува безбедноста на Африка и на арапскиот свет.
-
Свет 05.07.2014 17:45
Украинското знаме се развиори над Славјанск
Украинските сили поставија украинско знаме на главното упориште на проруските сили во Славјанск, откако ги протераа од тој дел во источна Украина. -
Свет 04.07.2014 17:15
Судири на палестинците со израелската војска во Ерусалим
Не престануваат тензиите во Израел. Судири на палестинците со израелската војска во источен Ерусалим.
-
Свет 04.07.2014 16:30
Ураганот Артур ја погоди Северна Каролина
Ураган беснееше на брегот на Северна Каролина. Силните ветришта и дождови присилија илјадници Американци да го променат планот за денот на независноста затоа што за некои подрачја се издадени наредби за евакуација.
-
Свет 04.07.2014 13:56
Се урна недовршен надвозник во Бразил-граден за Светското првенство
При уривањето на мостот во градот Бело Хоризонте, две лица загинале, а десетици се повредени. Делиумно затрупал еден локален автобус полн со патници, две товарни возила и еден патнички автомобил. Загинала жената возач на автобусот кој поминувал под мостот.
-
Свет 04.07.2014 13:40
Минималецот во Германија - 8,50 евра за еден час работа
Од нова година и германците ќе добијат минимална плата. Бундестагот одобри минималецот да изнесува 8,5 евра за час работа.
За ваквиот компромисен предлог долго преговараа коалициските партнери демохристијаните на канцеларката Меркел и социјал демократите.
-
Свет 04.07.2014 13:38
Во Унгарија откриено говедско месо заразено со антракс
Унгарската национална служба за јавно здравје соопшти дека во источна Унгарија е откриено говедско месо заразено со смртоносниот антракс. Петмина се сместени во болница под сомнение дека се заразени.










