Курдските бунтовници и исламистичките милитанти ја продолжија битката за Кобане.
Силите предводени од САД извршиле 16 воздушни напади во Сирија, повеќето од нив околу стратегискиот град во близина на турската граница.
Курдските бунтовници и исламистичките милитанти ја продолжија битката за Кобане.
Силите предводени од САД извршиле 16 воздушни напади во Сирија, повеќето од нив околу стратегискиот град во близина на турската граница.
Советот за безбедност на ОН одржа итна седница посветена на кризата во Украина. Не беше донесена никава одлука и покрај предупредувањата дека е можно да дојде до целосен конфликт во источниот дел на Украина.
Демонстрантите во Мексико ја нападнаа зградата на Конгресот во сојузната држава Гереро. Запалија пет службени возила и предизвикаа мал пожар во една од службите.
Активисти на Младинскиот сојуз на Турција во Истанбул нападнале тројца американски морнари близу воениот брод на САД, закотвен во пристаништето во Босфорскиот залив.
Мисијата е успешна! Леталото Фили отвори нова страница во човековата вселенска одисеја. Сондата, по 7 часовен лет го изведе првото меко слетување на површината на комета во полна брзина. Во 16 часот и 5 минути по Гринич одекна аплауз во контролната просторија во Дармштат.
Москва покажува мускули во меѓународен воздушен простор. Руски бомбардери за долги летови ќе патролираат од Арктикот до Карибите и Мексиканскиот Залив. На Крим ќе се формира обдранбена група поради заканата од НАТО, соопшти министерот за одбрана.
Жена бомбаш самоубиец се разнесе во колеџ во нигерискиот град Котагора. Бомбата експлодирала само неколку секунди пред жената да влезе во хала полна со ученици. Не е познат бројот на загинати, но очевидци известуваат за четири парчосани тела.
Азербејџанската војска соборила ерменски воен хеликоптер Ми-24 за кој тврди дека летал во нејзин воздушен простор. Загинале сите тројца пилоти.
Мал чекор за една вселенска сонда, голем за човештвото. Во секој момент се очекува потврда дали лендерот „Фили“ ќе ја допре површината на кометата 67П.
Хашкиот притвореник Воислав Шешељ од денес е на условна слобода во Белград. Лидерот на радикалите кој боледува од рак, по 12 години притвор и гаранциите на српската влада, од хуманитарни причини пуштен е во Белград, под услов да се појави на изрекувањето на пресудата.