• Свет 14.11.2014 11:13

    Мали воведува построги мерки против еболата

    Западноафриканската земја Мали воведува поостри мерки со цел запирање на ширењето на смртоносната ебола. Во изминативе неколку дена забележани се нови случаии на заразени со вирусот.

  • Свет 13.11.2014 19:23

    Шешељ: Се радував на убиството на Ѓинѓиќ

    Ден по враќањето, Шешељ мати вода со екстремни изјави. Се радував на убиството на Ѓинѓиќ, Србија нема што да бара во Европската унија, рече пред новинарите.

  • Свет 13.11.2014 18:42

    Модулот „Фили“ е стабилен и праќа слики од кометата

    Модулот „Фили“ е стабилен и праќа слики по историското потскокнување на кометата што ја вознемири научната јавност. Од Европската вселенска агенција соопштија дека е стабилизирано.

  • Свет 13.11.2014 18:37

    Руски воени бродови во близина на австралискиот брег

    Четири руски воени бродови се приближуваат кон австралискиот брег. Премиерот Абот со заклучок – Русија демонстрира сила во екот на тензиите со Канбера по соборувањето на малезискиот боинг во Украина.

    Инаку рускиот претседател Путин викендов ќе учествува на самитот на Г-20 во Бризбејн.

  • Свет 13.11.2014 18:30

    Се затвораат коридорите за сириските бегалци

    Се затвораат коридорите за сириските бегалци – соседните земји драстично ги намалуваат бројките на тие што ќе им биде дозволен влез. Невладините организации ја обвинија меѓународната заедница за „тотален колапс на солидарноста“.

  • Свет 13.11.2014 18:16

    Холандскиот генерал Кареманс ја очекува пресудата за масакрот во Сребреница

    Холандскиот генерал Том Кареманс ја очекува пресудата за воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина. Обвинет е дека третиот холандски баталјон под негова команда не го спречил масакрот на 8 илјади муслимански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година.

  • Свет 13.11.2014 18:10

    Полицијата на БиХ уапси 11 лица поврзани со тероризам

    Полицијата на Босна и Херцеговина, во продолжение на акцијата „Дамаск“ уапси 11 лица поврзани со тероризам. Претресени се повеќе локации на територијата на Сараево, Зеница, Маглај.

  • Свет 13.11.2014 13:31

    Медведев: Топката е во рацете на Европа и САД

    Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави  дека за подобрување на руско-американските односи првиот чекор треба да го преземат САД. Се надева  дека овој период во односите со САД и Европа ќе биде надминат.

  • Свет 13.11.2014 13:30

    Брамерц: Пресуда за Шешељ до крајот на 2015

    Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц изјави дека пресудата за Воислав Шешељ не може да се очекува пред крајот на 2015 година.

  • Свет 13.11.2014 13:27

    Земјотрес ја стресе Кефалонија

    Нов земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска на грчкиот остров Кефалонија во Јонското Море, јавуваат грчките медиуми.

Pages