-
Свет 10.07.2014 11:12
Израел продолжува со бомбардирање на Појасот Газа
Израелски авиони го продолжуваат бомбардирањето на Појасот Газа пред денешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ескалацијата на судирите. Во Израел уште од изутрината одекнуваат сирените, а Челичната купола веќе собори најмалку два палестински проектили. -
Свет 09.07.2014 18:50
Србија потпиша договор за „Јужен тек“
Србија и руски „Центр гас“ потпишаа договор за изградба на гасоводот низ српска територија вреден над 2 милијарди евра. Се очекува првата испорака на гас да протече низ цевките кон крајот на 2016 година.
-
Свет 09.07.2014 18:40
Меркел се соочува со уште еден шпионски скандал
Германската канцеларка Меркел одби да коментира, но се соочува со уште еден шпионски скандал.
Под истрага се станот и канцелариите на осомничен шпион, за кого германските медиуми пишуваат дека бил американски разузнавач.
-
Свет 09.07.2014 17:24
Торнадо во Градишка
Силна бура денеска го погоди реонот на Градишка во Република Српска, предизвикувајќи голема материјална штета.
-
Свет 09.07.2014 16:59
Израел ја проширува воената операција во појасот Газа
Во Газа непрекинати погребни процесии на милитанти, но и на цивили. Бројот на загинати во Појасот достигна 35. Истовремено, не прекинува стрелбата на палестинските ракети – проценките се дека имаат складирано 10 илјади.
-
Свет 09.07.2014 15:42
Обидите за забрана на штрајкот во Грција предизвикаа демонстрации во Атина
Ниту 40 степени на термометарот не ги спречија неколкуте стотици демонстранти да дојдат на атинскиот плоштад Синагма на протест кој го свика Синдикатот на вработените во државниот сектор.
-
Свет 09.07.2014 14:36
По синоќешното невреме во Софија од град како јајце повредени 40 лица
Градот речиси со големина на јајце кој непрекинато врнел, повредил 40 лица и тоа во пределот на главата, лицето и меките ткива, јавува Бугарските медиуми. Најголем број од од нив по санирањето на повредите биле испратени дома, а дел се задржани на лекување.
-
Свет 09.07.2014 14:29
Швајцарија забрани увоз на свињи и свинско месо од неколку европски земји
Швајцарија од денеска, среда, забранува увоз на свинско месо и живи свињи од повеќе европски земји, каде што неодамна се забележани неколку случаи на африканска свинска чума.
-
Свет 09.07.2014 13:07
Нереди по бразилскиот кошмар
Бразилската полиција интервенираше во фан зоната на Бело Хоризонте по натпреварот меѓу Бразил и Германија. Уапсени се неколку лица кои не можеа да се соочат со поразот на бразилската репрезентација од 7 спрема 1.
-
Свет 09.07.2014 12:15
Штрајк на јавните службеници во Грција
Јавните службеници во Грција почнаа 24-часовен штрајк во знак на протест поради продолжување на владиното кастрење на трошоците, јавува Би-Би-Си.










