Проектил истрелан од Јемен, пресретнат надвор од израелскиот воздушен простор. Милиони луѓе беа испратени во засолништа. Светот стравува од нова ескалација на Блискиот Исток откако израелската војска претходно го нападна јеменскиот меѓународен аеродром, пристаништа на Црвено Море и електраните.
-
Свет 27.12.2024 09:33
-
Свет 27.12.2024 08:19
Сириските бунтовници ги засилија безбедносните мерки во Дамаск
Сириските бунтовници ги засилија безбедносните мерки во Дамаск откако избија судири меѓу поддржувачите на сегашната власт и оние на Башар Асад.
-
Свет 27.12.2024 08:15
Израелски напади насочени кон Сана
Израелските сили таргетираа позиции на Хутите во Јемен. Нападите беа насочени кон главниот град Сана, кој е под контрола на бунтовниците, и пристанишниот град Ходеида. Од ОН велат дека ваквите акции се алармантни. Продолжуваат битките и во Газа. Светските агенции бележат жртви.
-
Свет 27.12.2024 08:11
Зеленски на бранителите им ги додели највисоките државни награди
Интензивни руски напади на украинско тло. Претседателот Зеленски на бранителите им ги додели највисоките државни награди – Златните ѕвезди на хероите на Украина – и специјалната борбена награда – Крстот за борбени заслуги. Почестите ги добија роднините на загинатите војници.
-
Свет 26.12.2024 16:41
Ден на жалост во Азербејџан
Ден на жалост во Азербејџан по вчерашната авионска несреќа на „Азербејџан Ерлајнс“ во казахстанскиот град Актау на Каспиското Море. Од кобниот лет со 67 патника, од Баку кон Грозни спасени се 29-мина, 11 се критична состојба. Се идентификуваат починатите.
-
Свет 26.12.2024 12:32
Жртви во Газа, преговорите се комплицираат
Израелските сили продолжија со гранатирањата во Газа. Погодено медиумско возило паркирано пред болница, загинаа пет новинари. Тел Авив го потврди инцидентот – цел биле терористи на палестинскиот исламски џихад.
-
Свет 26.12.2024 10:13
Опозициската партија во Јужна Кореја со предлог за отповикување на в.д. претседателот и премиерот
Главната опозициска Демократска партија во Јужна Кореја поднесе предлог за отповикување на в.д. претседателот и премиерот на земјата, Хан Док-су откако тој изјави дека нема да именува судии во Уставниот суд додека ривалските партии не постигнат политички компромис.
-
Свет 26.12.2024 09:24
Бунт во затвор во главниот град на Мозамбик, Мапуто
Најмалку 33 лица загинаа, 15 се повредени, а над 1.500 затвореници побегнале по бунт во затвор во главниот град на Мозамбик, Мапуто.
Командантот на полицијата Бернардино Рафаел обвини дека протестите пред затворот биле поттик за нередите.
-
Свет 26.12.2024 09:05
Возило влета во толпа луѓе во Њујорк
Хорор во Њујорк. Такси возило влета во толпа луѓе во центарот на Менхетен на плоштадот Хералд. Повредени се шестмина, од кои тројца се пренесени в болница, меѓу нив е и 9-годишно дете.
-
Свет 26.12.2024 08:49
Казахстан: Се прават вештачења и идентификација на жртвите
Казахстанските власти ги потврдија официјалните бројки на жртвите на кобниот лет од Баку до Грозни-38 луѓе загинаа, 29 се повредени од кои 11 критични – потврди вицепремиерот кој ги посети преживеаните. Се прават вештачења и идентификација на жртвите.










