Разговорите за постигнување договор меѓу Хамас и Израел продолжуваат, потврдија од катарското МНР.
Вчера, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека има „извесен напредок“ во напорите за постигнување примирје.
Разговорите за постигнување договор меѓу Хамас и Израел продолжуваат, потврдија од катарското МНР.
Вчера, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека има „извесен напредок“ во напорите за постигнување примирје.
Протести во Сирија поради палење на новогодишна елка. Растат повиците до новата исламистичка власт да преземе чекори за заштита на малцинствата.
Снежно невреме зафати делови од Балканскиот Полуостров. Околу 200,000 домови во северозападниот дел на Босна и Херцеговина останаа без струја поради дефекти предизвикани од изобилните врнежи.
Пожар избувна во еден од лифтовите на Ајфеловата кула во Париз. Евакуирани околу 1.200 посетители. Пламените јазици за брзо биле ставени под контрола.
Според француските медиуми, причина за инцидентот најверојатно е прегревање на уредите во близина на електричната инсталација.
Снежното невреме што го зафати Балканот предизвикува значителни проблеми на патиштата во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Србија.
Со 240 гласа „за“ и 143 „против“ романските пратеници ја изгласаа новата проевропска коалициска влада предводена од премиерот Марсел Чолаку.
Најмалку 12 лица загинаа, а четворица се повредени откако избувнал пожар по експлозија во фабрика за производство на експлозиви во провинцијата Баликесир, во северозападна Турција. Не
Нови напади во северна Газа. Палестинците тврдат дека израелските сили детонирале две возила во близина на болницата Камал Адван ранувајќи десетици пациенти и медицински персонал.
Зеленски го обвини словачкиот премиер Фицо дека сака да му помогне на Путин да заработи пари за финансирање на војната откако тој се врати од Москва со потврда на Путин дека Русија е подготвена да продолжи со испорачување гас за Словачка.
Изгласана новата проевропска коалициска влада во Романија, предводена од премиерот Марсел Чолаку кој со новите министри положи заклетва ветувајќи просперитет за народот и ставање крај на политичка криза по поништувањето на претседателските избори од Уставниот суд.