Руските ракети и дронови ги вклучија сирените за тревога низ цела Украина. На мета повторно Киев и енергетската инфраструктура во централниот дел од земјата. Над милион домови останаа без струја. Експлозии одекнаа и во Одеса. Има жртви и повредени.
-
Свет 28.11.2024 12:28
-
Свет 28.11.2024 11:03
Романската Агенција за телекомуникации бара суспензија на „ТикТок“ поради изборите
Романија од денеска почнува процес на суспендирање на платформата ТикТок во очекување на резултатите од истрагата за улогата што социјалната мрежа ја одигра во првиот круг од претседателските избори одржани минатата недела-соопштија од Агенцијата за телекомуникации.
-
Свет 28.11.2024 11:02
Продолжува израелскиот притисок врз Хамас
Израелската војска продолжи со притисокот врз Хамас. Во воздушни напади на северот во Газа загинаа неколку цивили.
-
Свет 28.11.2024 11:02
До смрт е претепан средношколец во Лесковац
17-годишен тинејџер почина откако физички бил нападнат од две години постаро момче пред средно училиште во Лесковац.
Во бессознание и речиси без пулс бил пренесен во општата болница, но и покрај сите напори за негова реанимација, им подлегнал на повредите.
-
Свет 28.11.2024 10:50
Најмалку четири лица загинаа во снежните бури во Јужна Кореја
Најмалку четири жртви во снежното невреме што ја зафати Јужна Кореја. Втор ден по ред снегот прави проблеми и го отежнува сообраќајот во земјата.
По повеќе од половина век Сеул е прекриен со снежни наноси кои достигнаа речиси 40 сантиметри по што властите издадоа предупредувања.
-
Свет 28.11.2024 09:14
Експлозија во фабрика во Аликанте, три лица загинаа
Три лица загинаа, седуммина се повредени во експлозија во фабрика кај крајбрежниот шпански град Аликанте- соопштија спасувачките служби.
-
Свет 28.11.2024 08:30
Нов обид за решавање на конфликтот во Газа
Египетска делегација во Тел Авив во обид за решавање на конфликтот во Газа. Преговорите меѓу Израел и Хамас кои траат со месеци се очекува да се придвижат по прекинот на огнот во Либан. Катар кој на почетокот од месецот се повлече од процесот на посредување, сега се надева на договор.
-
Свет 28.11.2024 08:11
Продолжуваат руските напади, експлозии во Одеса
Руските ракети ги вклучија сирените за тревога низ цела Украина. Експлозии во Одеса и во централниот дел од земјата. На мета повторно енергетската инфраструктура. Зеленски вели- притисокот врз Русија мора да се зголеми.
-
Свет 27.11.2024 21:20
Укинат притворот на поранешниот српски министер Весиќ за несреќата во Нови Сад
Укинат е притворот на поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, кој беше уапсен поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад од што загинаа 15 лица, соопшти Вишиот суд во Нови Сад.
-
Свет 27.11.2024 20:56
Австралија на чекор да ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години
Долниот дом на австралискиот парламент со големо мнозинство го поддржа законот со кој на децата до 16 години им се забранува користење на социјалните мрежи.










