Нова ноќ протести во Грузија против замрзнувањето на преговорите со ЕУ. Илјадници демонстранти пред парламентот во Тбилиси повторно повикаа на нови избори додека полицијата со водени топови и солзавец се обидуваше да ја растера насобраната толпа.
-
Свет 02.12.2024 08:30
-
Свет 02.12.2024 08:26
Левицата води на парламентарните избори во Романија
Романските левичарски социјалдемократи на премиерот Колаку во големо водство на парламентарните избори, пред обновеното крајно десничарско движење кое ја оспори прозападната ориентација на земјата-покажуваат излезните анкети.
-
Свет 02.12.2024 08:20
Препирки за експлозијата во Зубин Поток
Приштина и Белград продолжија со препирките околу експлозијата на водниот канал Ибар-Лепенец во Зубин Поток. Косовскиот премиер Албин Курти вели-точно е дека имало хибриден напад, како што претходно изјави српскиот претседател Вучиќ, но на Косово.
-
Свет 01.12.2024 13:47
Грузија: Ескалираат протестите, улиците на Тбилиси како бојно поле
Ескалираат протестите во Грузија против владината одлука да ги прекине преговорите со ЕУ. Улиците на Тбилиси како бојно поле. Солзавец, водени топови и нови судири со полицијата. Краткотраен пожар предизвикан од петарди избувна во Грузискиот Парламент. Чад се издигна и пред Собранието.
-
Свет 01.12.2024 12:36
Примирје, но неизвесен траен прекин на огнот на Блискиот Исток
Експертите го предвидоа прекинот на огнот меѓу Хезболах и Израел, но загрижувачки е што никој не зборува за траен мир, ниту за решение за израелско-палестинскиот конфликт.
-
Свет 01.12.2024 10:21
Продолжуваат протестите во Грузија, неколку илјади демонстранти на улиците на Тбилиси
Неколку илјади проевропски демонстранти и синоќа излегоа на улиците на Тбилиси, протестирајќи против владата, која опозицијата ја обвинува дека го одвлекува вниманието на земјата од нејзините амбиции да се приклучи кон Европската унија.
-
Свет 01.12.2024 09:29
Зголемено полициско присуство на северот на Косово по вчерашната експлозија
На северот на Косово зголемено присуство на косовската полиција по експлозијата на каналот Ибар-Лепенац и претресите на српски куќи во неколку села во Општина Зубин поток.
-
Свет 01.12.2024 09:07
Новата Европска комисија стапува на должност
Новата Европска комисија официјално ја презема должноста. Старо-нова претседателка е Урсула Фон дер Лајен, која доби уште еден петгодишен мандат. Еврокомисијата ја сочинуваат 27 члена, по еден од секоја земја-членка на Европската унија, шестмина потпретседатели и 20 еврокомесари.
-
Свет 30.11.2024 15:48
Продолжуваат руските напади врз Киев, украинската одбрана возвраќа
Продолжуваат руските напади врз Киев и неколку други области, додека украинската воздушна одбрана возвраќа со удари во Белгород и над Црното Море.
-
Свет 30.11.2024 14:52
Израел: Пресретнати беспилотни летала од Ирак
Израелската армија соопшти дека пресретнала беспилотни летала кои биле лансирани од Ирак. Ги засили нападите во Појасот Газа додека делегација на Хамас денеска е во Каиро за да разговара со египетските власти за прекин на огнот.










