Германскиот министер за одбрана Борис Писториус нема да се кандидира за канцелар на земјата на претстојните вонредни избори на 23-ти февруари.
Соопшти дека тоа е негова лична одлука, додавајќи дека ќе ја поддржи кандидатурата на Шолц за реизбор.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус нема да се кандидира за канцелар на земјата на претстојните вонредни избори на 23-ти февруари.
Соопшти дека тоа е негова лична одлука, додавајќи дека ќе ја поддржи кандидатурата на Шолц за реизбор.
Нетанјаху ја осуди одлуката на Меѓународниот кривичен суд по налозите за негово апсење и на неговиот поранешен министер за одбрана Галант нарекувајќи ја антисемитска.
Пентагон потврди дека Русија ја нападнала Украина со нова ракета, додавајќи дека биле информирани за нападот непосредно пред лансирањето за што го известиле и Киев. Велат, не сакаат војна со Русија, но и натаму ќе ја помагаат Украина со оружје.
Рускиот претседател Путин вели дека тестирале нова ракета со среден дострел во нападот врз Украина и предупреди дека Москва може да ја искористи против земјите кои му дозволиле на Киев да ги користи нивните проектили за напад.
Во виенската клиника Фаворитен настанал хаос откако новороденче исчезнало кога мајката накратко ја напуштила собата. Полицијата веднаш започнала опсежна потрага, а целиот болнички комплекс бил блокиран, јавуваат австриските медиуми.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 32 лица што беа во затвор поради екстремизам.
Меѓу помилуваните има 24 мажи и осум жени, а според белоруската новинска агенција, сите ја признале вината и побарале помилување од претседателот.
Москва ја заострува реториката откако се закани дека американска база во северна Полска за балистичка ракетна одбрана е на руската листа за потенцијално уништување.
Почна руската одмазда. Москва изврши напади со интерконтинентални балистички ракети – тврди украинската воздушна команда. Погоден Дњепар. Делови од Киев без струја.
Меѓународниот кривичен суд во ХАГ издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и воениот шеф на Хамас, Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени во врска со трагедијата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на железничката станица загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.